Дневен хороскоп за 10 декември

ОВЕН

Ве чека тежок ден на работа. Ќе имате многу проблеми со колегите и претпоставените. Внимавајте на однесувањето и не паѓајте на провокации. Ве очекува средба со личност која ќе посака да биде пријател со вас. Внимавајте на здравјето. Пожелно би било да почнете да се занимавате со спорт.

БИК

Ќе имате многу компликации на полето на работа. Постојано сте под стрес поради вашите колеги и шефови. Обидете се на смирен начин ги решите сите проблеми. Можете да очекувате интересна средба со личност која ќе остави добар впечаток на вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата.

БЛИЗНАЦИ

Подготвени сте целосно да и се посветите на работата и да ги решите проблемите кои ве мачеле од претходно. Ве очекува одлична комуникација со личност која ви била блиска во минатото и која ќе сака повторно да бидете заедно. Внимавајте на здравјето и проблемите со воспаленијата.

 

РАК 

 

Подгответе се за промени кога е во прашање работата. Ќе ви биде тешко да ги подобрите и стабилизирате вашите финансии. Ви се допаѓа тоа што сте сам и што имате можност да си посветите време на себе си. Чувствувате дека има време за нова љубов во вашите животи. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

ЛАВ

Не сте сигурни дали треба да ризикувате да влезете во нов деловен проект. Се плашите да не го направите погрешниот избор. Следува период на голема неизвесност на работното поле. Со кавгите и расправиите само го оддалечувате партнерот од вас. Тој ќе престане да се труди за да ја зачувате врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со стресот.

ДЕВИЦА

Можете да очекувате дека ќе добиете добра понуда кога е во прашање работата. Ве очекуваат многу позитивни промени на полето на љубовта. Ќе поминете многу убави заеднички моменти со партнерот. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

ВАГА

Не ви е лесно да ги организирате состојбите на работа. Сакате да направите промени, но тешко ви иде. Им давате преголемо значење на проблемите кои ги имате во односот со вашиот партнер. Чувствувате дека многу работи не се движат во посакуван правец. Внимавајте на здравјето. Направете редовна лекарска контрола.

СКОРПИЈА

Одговорни сте и подготвени сте максимално да и се посветите на работата. Сакате да успеете во зацртаните цели и не дозволувате на никој да ви застане на патот. Можен е прекин во љубовната врска со вашиот партнер. Ве очекуваат многу проблеми на ова поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

 

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете задоволни од сработеното и атмосферата која ве очекува на работното место. Наскоро може да очекувате и нови можности за напредок. На љубовно поле работите не се движат онака како што сте се надевале. Во дилема сте и имате избор да се одлучите помеѓу две различни личности со кои сакате да бидете во врска. Внимавајте на здравјето. Сега е поволен момент за диета.

ЈАРЕЦ

Некои соработници работат против вас и морате да внимавате во односите кон нив. Не паѓајте на провокации и избегнувајте секаков вид на кавги и расправии. Важно е секогаш да бидете искрен кон личноста која ја сакате, за да вашиот однос остане природен и добар. Внимавајте на здравјето. Уморни сте и би ви годело одмор.

 

ВОДОЛИЈА 

Обидете се да склопите нови бизнис договори во текот на денот и нема да зажалите. Можете да очекувате поволен ден за работа. Доаѓа период кога треба да ставите точка на вашето минато и да свртите нов лист по прашањето на љубовта. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги сите пороци.

РИБИ

 

Упорни сте во своите амбиции и нема да се откажете се додека не ги остварите. Можно е да имате мали несогласувања со вашиот партнер кои на некој начин ве оптеретуваат повеќе од што треба. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

 

Текстот Дневен хороскоп за 10 декември е превземен од Reporter.mk.