Овен
Не сте задоволни од околностите на работа и сакате голем дел од нештата да промените на деловен план. Во моментов не сте задоволни од односот кој го имате со партнерот. Чувствувате дека не ја добивате потребната љубов. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на малексаност.
Бик
Вашата комуникација со соработниците во наредниот период ќе доведе до нови креативни деловни решенија. Немате желба да ги решавате проблемите со партнерот и полека почнувате да се повлекувате во себе. Внимавајте на здравето и проблемите со црниот дроб.
Близнаци
Иако не очекувате многу, денешниот ден би можел да ви донесе некаков пресврт по прашањето на работата. Чувствувате дека ви се потребни промени во односите со вашиот партнер. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
Рак
Чувстувате дека е дојден моментот кога е потребно да се одморите од работата и нештата да ги оставите самите да се движат по својот тек. Тешко ви е пред вашиот партнер да ги покажете вашите искрени чувства. Внимавајте на здравјето и проблемите со штитната жлезда.
Лав
Во вас постои мотивираност за работа и подготвени сте да барате решенија за сè и сешто на деловен план. Ако му покажете на покажете на вашиот партнер дека сте подготвени на компромис, вашиот однос би можел значително да се подобри. Внимавајте на здравјето и проблемите со стресот.
Девица
Покжаете трпение во комуникацијата со соработниците за да успеете да најдете заеднички решенија. Се ближи крајот на вашата врска. Во наредниот период ќе ви биде потребно време за да бидете подготвени за нова љубов. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарните патишта.
Вага
Ве очекува период во кој генерално ќе бидете задоволни од ситуацијата во која се наоѓате на работа. Нема да имате поголеми грижи. Промените кои вашиот партнер ги сака, се тешко изводливи. Можно е да имате голем број несогласувања. Внимавајте на здравјето. Полни сте со енергија.
Скорпија
Време е да почнете да барате нова работа. Подготвени сте за нови предизвици. Ќе имате многу расправии и кавги со партнерот. Наредниот период не е поволен што се однесува до односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.
Стрелец
Ќе добиете голем број нови понуди на деловен план. Подготвени сте да се посветите да ги остварите вашите цели. Периодот кој ви претстои, на некој начин ќе претставува предизвик за вас. Ќе имате можност за некаква паралелна врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.
Јарец
Станува јасно дека со вашите соработници имате различни ставови и дека не се разбирате меѓусебно. Ако постои личност која ви се допаѓа, би можеле да го освоите нејзиното внимание денес. Сега е поволна фаза за флерт. Внимавајте на здравјето. Почнувате да станувате депресивни.
Водолија
Бидете подготвени за нови изненадувања кога е во прашање работата. Работите нема да бидат онакви какви што сте очекувале. Сега е вистинско време да се смирите со партнерот од минатото, кон кого сеуште имате силни чувства. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на психоматски проблеми.
Риби
Се наоѓате под голем стрес. Денешниот ден ќе ви донесе голем број нови деловни проблеми. Очекувајте ново познанство со личност која е родена во некој земјен знак. Подготвени сте за нови љубовни промени. Внимавајте на здравјето и редовно јадете.
Текстот Дневен хороскоп за 11 април, скорпиите не се согласуваат со партнерот, лавови внимавајте на стресот е превземен од Reporter.mk.