Дневен хороскоп за 11 декември

ОВЕН

Денес очекувајте да најдете работа која целосно ќе ви одговара на вашите вештини. Ве очекува поволен период на ова поле, а на вас е да ја искористите шансата која ви се укажува. Доколку ви се допаѓа некоја личност која неодамна сте ја запознале, делувајте. Не чекајте друга прилика. Сега е можноста за да почнете врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.

БИК

Проблемите со финансиите ви се таложат од ден во ден. Морате во следниот период да поработите на стабилизација на вашите приходи. Доаѓаат неизвесни времиња и морате да се осигурате. Не сте подготвени за поголеми планови со вашиот партнер. На секој начин избегнувате да разговарате за сериозна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвотокот.

БЛИЗНАЦИ

Во наредниот период потребно е да се прилагодите на работното место. Обидете се да се согласувате подобро со вашите колеги и шефови и покажете се во најдобро светло. Следуваат убави моменти за вас на ова поле. Ако сте во брак, ве чека тежок период. Ќе имате голем број несогласувања со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Склони сте на алергии.

РАК 

Денешниот ден ќе ви донесе голем број потешкотии кога е во прашање работата. Личноста која ви се допаѓа, се обидува да се дистанцира од вас. Ќе добиете впечаток дека проблемот е во вас. Но, немојте да очајувајте и да се сомневате во себе. Доаѓаат подобри времиња на ова поле. Внимавајте на здравјето. Чувствителен сте денес.

ЛАВ

Ве чекаат многу важни настани во текот на денешниот ден. Обидете се да се сконцентрирате и да ги решите сите зададени задачи најдобро што знаете. Ако сте во брак, очекувајте убави заеднички моменти со вашиот партнер. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ДЕВИЦА

Очекувајте мала кавга со вашите претпоставени во врска со нова бизнис зделка. Нема потреба за никаква загриженост. На крајот од денот ќе ја донесете правилната одлука кога е во прашање работата. Ви се допаѓа личност која веројатно е веќе во врска или ја бие лош глас во јавноста. Внимавајте на здравјето. Можни се болки во стомакот.

ВАГА

Не се согласувате со вашиот деловен партнер во врска со плановите за новите деловни проекти. Обидете се да останете смирен и да не паѓате на провокации. На крајот од денот работите ќе се завршат како што треба. Ве чека интересен ден и на полето на љубовта. Особено за оние кои се слободни. Ве очекуваат многу можности за флертување. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со кожата.

СКОРПИЈА

Со секој поминат час се јавуваат нови проблеми на работа. Ве чека период во кој ќе биде потребно да бидете доста трпелив. Може да се надевате на позитивни состојби на полето на љубовта. Наскоро би можеле да влезете во врска со личност која од поодамна се познавате. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

СТРЕЛЕЦ

Среќата денес е на ваша страна кога е во прашање работата. Одлично се снаоѓате во компанијата каде сте ангажирани и многу лесно ги решавате проблемите кои ви останале од претходниот период Сакате да направите промени кога е во прашање љубовниот живот. Монотонијата во никој случај не ви одговара. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ЈАРЕЦ

Доколку се занимавате со приватна работа, ќе имате многу проблеми со финансиите. Нема да ви биде нималку лесно да ја стабилизирате ваквата состојба. Сакате да разговарате со вашиот партнер, кој упорно ги избегнува темата за разговор за вашата заедничка иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.

ВОДОЛИЈА 

Можете да се надевате на позитивни промени на полето на работа. Само потребно е самите да превземете иницијатива и самите да делувате. Можете да се надевате на средба со поранешниот партнер, кон кого се уште имате силни чувства. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте ги цигарите и внимавајте на вашето грло.

РИБИ

Загрижени сте поради некои гласини кои кружат на работа за вас. Ве оптеретува помислата дека колегите и претпоставените не ве ценат доволно. Полека влегувате во емотивна криза и почнувате да чувствувате дека се разделувате од вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со хормоните.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 11 декември е превземен од Reporter.mk.