Дневен хороскоп за 11 февруари

Овен

На деловен план денес е денот кога треба да покажете дека стè подготвени на каков било компромис. Вашиот цврст карактер може да ви донесе некакви проблеми. Денешниот ден е поволен за остварување на нови познанства и необврзувачки флерт, кој нема да премине во врска. На здравствено поле, чувствителен сте во пределот на вратот.

 

Бик

Денес ќе ви се укаже можност за подобрување на финансиската состојба. Не бидете брзоплети во обидот да ја искористите. На полето на љубовта во текот на денот, ве очекуваат среќни околности. На здравствен план, водете сметка за хормоните.

Близнаци

Не можете да бидете целосно посветени на работата од заморот кој го чувствувате. Би било најдобро да паузирате некој ден. Нема  да можете да започнете нова врска, но можен е необврзителен флерт. На здравствено поле можна е појава на главоболка. Што се однесува до вашата здравствена состојба, вие сте премногу чувствителни.

 

Рак

Иако обично стè многу вредни, денес и најмалите обврски ќе ви паднат многу тешко. Изморени сте поради големиот број тешки обврски во минатиот период. На љубовно поле вие стè нервозни и ви смета секоја ситница. Поради тоа влегувате во беспотребни расправии со вашиот партнер. На здравствено поле, патите од несоница.

Лав

Што се однесува до работата, од вас се очекува да имате генерално добар ден. Задоволни сте од својата работа и не гледате потреба нешто да менувате. На љубовен план, почнете да покажувате интерес за личноста од вашата блиска околина или комшилук. На здравствен план, потребно ви е време за опуштање.

Девица

Aко очекувате промена на работното место, тогаш денес тоа може да биде вистинскиот момент и да ви донесе нога прилика за успех. Љубовта меѓу вас и вашиот партнер е силна и обострана, но можете да очекувате проблеми. На здравствено поле, можни се мали проблеми со грбот.

Вага

Ако се надевате на помош од некој од колегите, ќе бидете разочарани. Денес сите обврски ќе бидат на вас. На љубовно поле, ќе се чувствувате навредени поради недостатокот на доверба кај саканата личност, која ја покажува кон вас. На здравствено поле, имате помали проблеми со нервниот систем.

 

 

 

 

Шкорпија

На деловно поле бидете подготвени за напорен ден и вооружете се со трпение. Атмосферата ќе биде напната за разлика од вообичаено и ќе се појават непредвидени проблеми. На љубовно поле, вашите големи очекувања создаваат тензија во врската. На здравствено поле, имате проблем со чувствителноста на кожата.

Стрелец

Денес ќе ве следи среќа во остварувањето на било која цел која себе си ќе си ја поставите. Добро искористете го денешниот ден. На љубовно поле, чувството на слобода во кое уживате во моментов ви е најважна од влегувањето во новата врска. На здравствено поле сè чувствувате добро и немате никакви проблеми.

Јарец

Разгледајте ги сите можни начини за да ја зголемите заработката. Можно е да го проширите капацитетот на своето работно место. На љубовно поле, на саканата личност треба да и овозможите поголемо разбирање и поддршка во тешките моменти. На здравствено поле имате проблеми со крвотокот.

Водолија

Можни се потешкотии во моментите на вработување, или прекин на работниот однос ако сте вработени. На љубовно поле вашиот партнер почнува да го покажува своето вистинско лице кое воопшто не ви се допаѓа. Преиспитајте ги вашите одлуки. На здраствено поле, чувствителни стè на алергии.

 

 

 

Риби

Во вашето деловно опкружување настануваат проблеми кои не се создадени по ваша вина, но поради истите ќе трпите последици. На љубовно поле ќе ве изненадат оредени промени. И самите ќе бидете зачудени од некои случувања кои ќе настанат во вашата врска. На здравствено поле, зголемете ја конзумацијата на витамини.

 

Текстот Дневен хороскоп за 11 февруари е превземен од Reporter.mk.