Дневен хороскоп за 11 ноември

ОВЕН

Задоволни сте од работата и односот кој го имате со вашите колеги и шеф. Имате можност да го изразите целиот ваш потенцијал и тоа е нешто што сите во деловното опкружување го ценат. Наскоро очекувајте и соодветна награда за вложениот труд. Се чувствувате одлично покрај вашиот партнер. Сакате да ја зацврстите врската и ќе направите сè за да останете заедно. Внимавајте на здравјето. Би ви годело да понете да се занимавате со спорт.

БИК

Кавгите и расправиите со колегите ви создаваат потешкотии да се сконцентрирате на задачите. Бидете повнимателен и не паѓајте на провокации. Тие ќе направат сè што е во нивна моќ да ве спречат да успеете. Ќе ви се отвори можност за нова љубовна врска со личност која ви се допаѓа веќе некое време. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нервниот систем.

БЛИЗНАЦИ

Ве чекаат тешки моменти на работа. Незавршените задачи од минатото ќе ви создадат тешки главоболки. Сакате да го импресионирате шефот и да ги завршите сите до крајот на денот, но во брзањето можно е да направите грешки. Затоа внимавајте. Денес е поволен ден за почеток на нова врска. За оние кои веќе имаат партнер, почнете со планирање на стабилна врска или заедница. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бешиката.

РАК

Во текот на денот ве чекаат еден куп обврски. Работата ќе ви одземе многу од времето и нема да имате можност да се посветите на приватните проблеми. На љубовно поле ќе имате мирен ден. Влегувате во фаза во која во иднина може да очекувате многу промени во врската или бракот. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Можете да очекувате неизвесна ситуација кога е во прашање работата. Односите со колегите и шефот ќе почнат да се комплицираат и ќе морате многу да внимавате во однесувањето и разговорите. Сè што ќе кажете или направите може лошо да се одрази на вас во иднина. Очекувајте нова љубов во вашиот живот. Ве очекуваат многу убави заеднички моменти. Се чувствувате одлично и немате проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Вашите претпоставени и колеги се задоволни од тоа како ги завршувате задачите. Веќе подолг период ве следат и знаат од колкаво значење сте за фирмата. Наскоро очекувајте унапредување на работната позиција и покачување на платата. Со вашиот партнер ќе успеете да го подобрите односот. Среќни сте заедно и се чувствувате убаво еден покрај друг. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со лошото варење.

ВАГА

Можете да очекувате позитивни пресврти кога станува збор за работата. Компанијата во која работите покажува одлични резултати, а вашиот шеф знае дека вие сте еден од посаслужните за тоа. На крајот од денот очекувајте соодветна награда. Во текот на денот ќе запознаете личност која ќе сака да биде во врска со вас. Сега е шансата која сте ја чекале подолго време. Искористете ја. Со здравјето сè  е во ред. Немате никакви проблеми.

СКОРПИЈА

Ќе успеете да ги остварите сите задачи и цели кои сте ги имале зацртано од претходно. Амбициозни сте и не дозволувате никој да ви застане на патот до успехот. Сакате да ги импресионирате вашите претпоставени и колеги и сметате дека заслужувате подобра позиција во компанијата и подобра плата. Ве чекаат многу турбулентни моменти во односот со вашиот партнер. Врската полека почнува да се олабавува и почнувате да размислувате за разделба. Внимавајте на здравјето. Ве мачат хронични проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Ќе имате можност да се покажете пред вашите колеги и претпоставени. Сега е шансата да го видат целиот ваш потенцијал. Ако ја искористите можноста, наскоро може да очекувате покачување на платата. Ви годи тоа што сте сам и не сакате во моментов да влегувате во врска. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на холестеролот.

ЈАРЕЦ

Во брзо време ќе почнете да размислувате за промена на работното место. Не сте задоволни од моменталната ситуација на работа. Наскоро ве чека нова понуда и треба да ја искористите. Веќе ги имате расчистено голем дел од недоразбирањата со вашиот партнер и во иднина ве чека цврста и стабилна врска. Ве чекаат многу убави заеднички моменти. Немојте да ги расипете. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе успеете да ги расчистите сите недоразбирања со вашите колеги и шефови. Не сакате повеќе да си бидете конкуренција еден на друг и ќе барате начин како заедно да ги решавате проблемите во компанијата. Подготвени сте на партнерот да му ги откриете сите ваши тајни и длабоки желби. Сакате да ја зацврстите врската и да ја подигнете на едно повисоко ниво. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со желудникот.

РИБИ

Ќе успеете да ги надминете сите пречки на работа. Во иднина ве чека стабилизација на работната позиција. Финансиската состојба исто така ќе ви се подобри поради покачената плата. Сè на сè ве чекаат убави моменти на ова поле. Ќе почнете да комуницирате со вашата симпатија. Ве чека почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и намалете со мрсната храна.

 

Текстот Дневен хороскоп за 11 ноември е превземен од Reporter.mk.