Дневен хороскоп за 11 октомври

Овен 

Вашиот оптимизам се заснова на силата на вашата добра волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го маѓепсате спротивниот пол, поради што и самодовербата ви е на високо ниво. Вашата посесивна природа може да ви попречи во  однос на љубовта, семејството или пријателските односи, па дури и работните.

Бик

Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Итри сте и сакате лесно да стигнете до целта. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја.

Близнаци

Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас. Иако вам ви е важно мислењето на блиските, сепак треба да бидете искрени кон себе и да сфатите дека не можат сите да ги прифатат вашите погледи на светот. Намалете го нивото на нервоза, обидете се правилно да ги разбирате работите.

Рак

Ретко што може да го загрози вашиот оптимизам бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои и од позитивни и од негативни искуства. Освен тоа, длабоко се почитувате себе. Сепак имате и вие свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта или децата.

Лав

Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Ако имате миленик, вашите слободни попладневни часови посветете ги само за него.

Девица

Животните удари може да ви нанесат големо нерасположение и турбулентни периоди. Најсигурен начин повторно да се здобиете со самодоверба и да го вратите оптимизмот е да се спротивставите на она што не ви се допаѓа. Ништо не може да ве расположи подобро од убедувањето дека човечката слабост е моментална.

Вага

Горчливите и непријатни моменти во животот едноставно не умеете да го гледате од друга перспектива од онаа реалната. Исто така, поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнило сконцентрирајте се на љубовта, работата која ве исполнува и пријателите кои ги имате во изобилие.

Скорпија

Започнете го утрото со обилен појадок затоа што ќе ви биде потребна енергија за да го завршите денот што е пред вас. Одлично ќе се справувате со административни задачи и работа со документи, па подобро е прво тие обврски да ги прешкртате од вашиот список. Во втората половина од денот ќе бидете порелаксирани и желни да бидете меѓу многу луѓе.

Стрелец

Обидете се да не ви стане навика да не ги завшувате обврските и најдете мотивација која ќе ве води понатаму. Потрудете се да ги избегнувате оние кои ја користат вашата љубезност, а кога веќе тоа ќе го сфатите предоцна, утешете се со омилената литература, музика или присуството на искрениот пријател.

Јарец

Сериозноста и професионализмот треба да бидат ваши главни одлики денес. Внимавајте на секој збор што ќе го кажете, затоа што голема е веројатноста некоја ваша забелешка да повреди некого, иако тоа нема да ви биде намерата. Бидете цврсти кога станува збор за тоа што сакате од врската.

Водолија

Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија, ги цените правилните вредности и знаете да бидете оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици.

Риби

Лесно е да ве повредат, затоа што сте чувствителни и склони кон промена на расположението. Но, во моментите кога најголемата тага ве обзема, планирате како да се извлечете, што е добар почеток. Гледајте на работите и од поинаков аспект, обидете се да разберете дека се е со причина и научете се да се надевате на подобро.

Текстот Дневен хороскоп за 11 октомври е превземен од Reporter.mk.