ОВЕН
Имате желба за промена на работното место. Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Не ви се допаѓа ниту односот што 0го имате со вашиот партнер. Не ви е лесно да донесете одлука за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со жолчката.
БИК
Во наредниот период ве очекува зголемување на платата. Задоволни сте од статусот кој го имате на полето на работа. Можете да се надевате и на романтичен состанок. Личноста со која ќе сакате да бидете сака да има искрен однос кон вас и искрено да ви ги покаже чувствата. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
Прилично сте нервозни и не ви е лесно да почнете со некаква акција кога е во прашање работата. Чувствувате дека на некој начин сте ограничени. Времето кое го минувате заедно со партнерот ви значи премногу. Подготвени сте врската да ја однесете на едно повисоко ниво. Внимавајте на здравјето и повеќе консумирајте течности.
РАК
На полето на работа многу од работите не се одвиваат на начин како што сте ги планирале. Не очајувајте, на крајот ќе најдете решение. Фантазирате за личност која до пред извесно време ви се допаѓала. Доаѓа момент кога треба да го направите првиот чекор. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.
ЛАВ
Често ќе добивате понуди за работа, кои се поврзани со странство. Постепено ќе ви се подобрува комуникацијата со личноста кон која имате силни чувства. Доаѓаат убави времиња кога станува збор за љубовта. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со синусите.
ДЕВИЦА
Ако сте без работа, наскоро очекувајте шанса за почеток на нова бизнис-авантура. Ќе имате помош од близок пријател кој ќе ви отвори голем број можности. Ве очекува средба со линост која ќе го привлече вашето внимание и ќе побуди интерес кај вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
ВАГА
Подготвени сте да ѝ се посветите на работата и да остварите најдобри резултати за да остварите напредок. Можен е почеток на нова љубовна врска. Подготвени сте да искусите нови љубовни задоволства. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со пукање на капиларите.
СКОРПИЈА
Дојдени сте до момент кога ќе биде неопходно да донесете некакви конкретни одлуки на полето на работа. Сакате да ја задржите личноста кон која имате силни чувства, иако вашиот однос веќе некое време е разнишан. Внимавајте на здравјето. Склони сте кон дебелеењето.
СТРЕЛЕЦ
Во моментов сте под голем притисок и не ви е лесно да излезете на крај со сите обврски кои ги имате на работа. Очекувајте поддршка од саканите. Сметате дека е неопходно партнерот да биде покрај вас во овие тешки моменти. Внимавајте на здравјето и проблемите и болките со зглобовите.
ЈАРЕЦ
Не сте доволно сконцентрирани и лесно можете да направите нови грешки на работа. Можно е да не сте заинтересирани за нови познанства. Постои личност за која и понатаму на некој начин имате силни чувства, но знаете дека сте ја изгубиле засекогаш. Внимавајте на здравјето и промените во расположението.
ВОДОЛИЈА
Посветени сте на работата и важно ви е да постигнете стабилност на ова поле. Имате можност да го обновите контактот со личност од вашето минато. Во наредниот период ќе се посветите да ја вратите старата љубов. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со забите.
РИБИ
Не очекувајте премногу големи промени на полето на работа денес. Ве очекува прилично статична состојба. Имате добар однос со вашиот партнер и задоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на калциум и магнезиум.
Текстот Дневен хороскоп за 12 февруари е превземен од Reporter.mk.