Овен
Можете да очекувате дека денес ќе слушнете некои информации кои ќе ви бидат од големо значење за деловните одлуки во иднина. Подготвени сте на партнерот искрено да му покажете што мислите за него и да му укажете на некои замерки. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со вашиот желудник.
Бик
Сте успеале да ги надминете деловните проблеми од минатото и се чувствувате добро. Повторно ви се враќа вербата во себе си. Можете да очекувате интересна комуникација со вашиот партнер. Се чувствувате убаво кога ќе поминете одреден период заедно. Внимавајте на здравјето и намалете ја конзумацијата на мрсна храна.
Близнаци
Пред вас генерално е поволен ден во кој би требало да ги остварите целите кои сте ги зацртале. Многу е важно на саканата личност да и ставите до знаење какви се вашите очекувања од врската во која сте влегле. Внимавајте на здравјето и болките во грбот.
Рак
Избегнувајте било каков ризик на работното место. Немојте да позајмувате пари затоа што ова е лош период. Можно е да постојат работи кои партнерот не може да ви ги прости колку и да се трудите. Внимавајте на здравјето, затоа што можни се проблеми со црниот дроб.
Лав
Денот ќе биде поволен за сите оние кои се занимаваат со приватна работа. Можно е да имате среќа со финансиите. Може да се каже дека односот со саканата личност не е онаков каков што сте се надевале дека ќе биде. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.
Девица
Не ви е лесно да ги покажете сите свои таленти, затоа што имате недостаток на самопочит. Вредите повеќе отколку што мислите. Можни се мали недоразбирања со партнерот. Можете да очекувате прилично напнат ден. Внимавајте на здравјето. Можни се болки во зглобовите.
Вага
Пред вас се отежнителни околности во кои нема да ви биде едноставно да се снајдете и да донесете некои вистински одлуки. Имате впечаток дека саканата личност ја нема истата доза на емоција кон вас. Можно е да се плашите од раскинување. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со грбот.
Шкорпија
Пред вас е поволен ден на полето на работа. Можете да се надевате на остварување на целта. Ви доаѓаат убави вести. Емотивно сте сигурен во своите чувства и ќе направите се што можете за да го задржите партнерот. Со здравјето сè e во ред. Се чувствувате одлично.
Стрелец
Можни се некакви помали пресврти на овој план. Пред вас е период во кој ќе имате некакви преиспитувања. Вашата љубомора го оптеретува партнерот кој почнува полека да ве избегнува поради пасивното однесување. Внимавајте на здравјето и појавата на хроничните проблеми.
Јарец
Можни се проблеми на работното место. Доколку имате планирано важни разговори, најдобро би било да ги одложите. Имате впечаток дека вашиот партнер сака да ви раскине и дека се оддалечува од вас. Постои надеж дека работите ќе се решат ако бидете искрени еден кон друг. Внимавајте на здравјето и проблемите со бешиката и бубрезите.
Водолија
Ве очекува поволен ден за решавање на деловните проблеми. Максимално сте посветени во остварување на вашите цели. Имате добар однос со саканата личност, која ви покажува дека секогаш ќе биде тука за вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
Риби
Иако сте загрижен за работното место, можете да очекувате дека работите ќе се завршат како што треба. Поработете на тоа да завземете малку позитивен став. Очекувајте да ви се врати и старата љубов. Обновете ја комуникацијата со личноста која некогаш сте ја сакале. Внимавајте на здравјето и можниот пад на имунитет.
Текстот Дневен хороскоп за 12 мај е превземен од Reporter.mk.