Овен
Ќе бидете под голем стрес и некои од работите на деловен план нема да можете да ги остварите на начин на кој имате замислено. Можни се проблеми во бракот, а доколку сте слободни,не очекувајте почеток на нова врска. Имате нарушено здравје.
Бик
Можете да се надевате на успех кој го имате зацртано веќе некое време. Денот ви е поволен за нови деловни зафати. Односот со партнерот ви е променлив и многу од рабоите не се одвиваат во насока како сте очекувале. Цел ден ќе ве следи малаксаност.
Близнаци
Доколку се занимавате со приватна работа можете да очекувате поволен ден, кој ќе ви донесе подобрување на финансиите. Може да дојде до заладување на односот со саканата личност. Имате чувствителна бешика.
Рак
Посветете се малку на своите планови и амбиции. Не е важно што мислат другите, туку колку сте упорни во остварување на своите цели. Ќе уживате во позитивна атмосфера, која ќе ја остварите со вашиот партнер. Можни се респираторни инфекции.
Лав
Денеска ќе почувствувате големо олеснување поради убавите вести кои ќе ги добиете на работното место. Денот ви е генерално поволен за работа. Не ви е лесно да покажете дека сте заинтересирани за личноста со која работите. Поведете сметка на конзумацијата на течности.
Девица
Препорачливо е денес да не се изложувате на какви било ризични ситуации на полето на работа, како ни во нови вложувања. Доколку сте во брак, саканата личност ќе ви ја покаже нејзината каратерна особина која досега не сте ја забележале. Избегнувајте напрегања.
Вага
Генерално денот не ви е поволен за работа, па немојте да очекувате премногу. Држете се до основните обврски. Можно е во моментов да не сте подготвени за нова врска и дека ви е потребно време за тоа. Имате проблем со спиењето и патите од несоница.
Скорпија
Потрудете се да покажете посветеност на работата ако сакате да напредувате. Денешниот ден може да биде почеток за нова врска. Познанството кое ќе ви се случи, ќе пробуди силни чувства кај вас. Можни се воспаленија на мускулите.
Стрелец
Доколку сте во било каков судски процес или решавате некаква формалност ве очекува поволен период. Емотивно сте стабилни и убаво се чувствувате покрај партнерот. Ако сте слободни, ова е поволен ден за почеток на нова врска. Немате проблем со здравјето.
Јарец
Ве очекува значително подобрување во полето на работата и финансиите. Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни на работното место. Би можеле да ви се случат бурни љубовни промени. Пред вас се очекувања на какви што не сте се надевале. Поведете сметка на апетитот.
Водолија
Ви доаѓа поддршка од соработникот кој ве цени и почитува. Можете да очекувате поволен период за нова работа. Заљубени сте и целосно сте предадени на позитивните емоции кои ве следат со саканата личност. Имате проблеми со главоболката.
Риби
Пред вас е одличен ден за работа. Можете да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите планови. Се чувствувате многу добро покрај вашиот партнер. Можете да очекувате дека ќе уживате. Потребни ви се повеќе сон и одмор.
Текстот Дневен хороскоп за 12 март е превземен од Reporter.mk.