ОВЕН
Ќе имате мали компликации кога е во прашање работата. Со малку повќе труд ќе успеете да ги надмините сите пречки. Чувството на осаменост ви пречи. Доаѓа период во кој ќе посакате да остварите нови познанства. Внимавајте на здравјето. Ве мачи главоболка.
БИК
Загрижени сте поради ситуацијата што ја имате на работа и понекогаш ви се чини дека нема да успеете да ги решите сите проблеми. Ќе имате компликации ако продолжите да барате партнер од вашето деловно опкружување. Внимавајте на здравјето и проблемите со спиењето.
БЛИЗНАЦИ
Не очекувајте поголеми промени денес на работа. Обидете се да избегнувате какви било активности и контакти со вашите соработници и шефови. Судбината не е на ваша страна. Ве очекува период на топло-ладно, кога станува збор за односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.
РАК
Ве очекува поволен период кога е во прашање работата. Ќе имате можност да направите важни промени. Посветени сте на вашиот партнер и од него го очекувате истото. Пред вас е поволен период кога е во прашање љубовта. Внимавајте на здравјето и проблемите со ‘рбетот.
ЛАВ
Немојте да се занимавате со претерано важни работи во текот на денот. Оставете ги важните прашања на работа да ги реши некој друг. Во спротивно ќе правите многу грешки. Големиот број необврзувачки врски сакате да ги сведете на минимум. Решени сте љубовната авантура да ја приведете на крај. Внимавајте на здравјето и холестеролот.
ДЕВИЦА
На работа ќе имате мали компликации кои ќе ви создадат потешкотии во извршувањето на вашите работни обврски. Доколку имате проблем во комуникацијата со вашиот партнер, обидете се да најдете компромисно решение. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.
ВАГА
Денес не е поволен ден кога е во прашање работата. Можно е да имате штета или подгответе се за значителен финансиски губиток. Чувствувате дека не можете да ги решите сите проблеми со вашиот партнер, кои се насобрале во изминатиот период. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарниот тракт.
СКОРПИЈА
Бројните обврки ви претставуваат голем терет. Имате потреба да промените некои работи на полето на работа. Подгответе се за тежок период и кога е во прашање љубовта. Во прашање е односот со вашиот партнер кој не сакате да го нарушите. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува фаза во која ќе имате голем број несогласувања во деловното опкружување. Недовербата која се појавила меѓу вас и вашиот партнер може да си го земе својот данок. Внимавајте на здравјето и поведете сметка околу кардиоваскуларниот систем.
ЈАРЕЦ
Доколку се занимавате со приватна работа, полека подгответе се за поголеми промени. Многу работи ве загрижуваат кога е во прашање односот со вашиот партнер. Имате впечаток како нешто да премолчува. Внимавајте на здравјето и поведете сметка во исхраната.
ВОДОЛИЈА
Подгответе се за помали компликации на деловен план. Понекогаш ви е случува да го изгубите фокусот и концентрацијата. Односот со партнерот во наредниот период полека ќе стане проблематичен. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
РИБИ
Ако претерате со вашите очекувања, подгответе се за големи разочарувања на полето на работа. Размислувате за промени и во љубовта. Сакате во наредниот период да смените некои работи во односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и променете го режимот на исхрана.
Текстот Дневен хороскоп за 13 февруари е превземен од Reporter.mk.