Дневен хороскоп за 13 март

Овен

Поведете сметка на можните компликации на деловен план. Денеска денот не ви е поволен на ова поле. Можете да се надевате на познанство со лице кое ќе ви се допадне. Пред вас е поволен период. Чувајте се од повреди.

Бик

Доколку сте на некоја повисока позиција, можно е во текот на денешниот ден можно е да добиете некои сосема нови одговорности. Не ви е лесно да го освоите вниманието на личноста која ви се допаѓа. Таа има голем број на додворувачи. Здравјето ви е сосема добро.

Близнаци

Може да очекувате големи промени. Ви доаѓа понуда за работа во странство или во некој друг град. Подготвени сте да ставите точка на врската во која не сте среќни. Ако сте во брак, се посериозно мислите за развод. Имате слаба циркулација.

Рак

Ве очекува понуда со поголема заработка која може да ви го подигне моралот и самопочитта на работното место. Постојано фантазирате за личност која е зафатена и се надевате дека ќе остварите врска со неа. Можете да очекувате љубовни промени. Внимавајте на крвниот притисок.

Лав

Пред вас е половен ден за склопување на нова деловна соработка. Потрудете се да оставите колку е можно подобар впечаток. Можете да очекувате дека саканата личност ќе ги покаже своите искрени чувства и дека ќе ви биде убаво. Внимавајте на своите бубрези.

Девица

Големиот број деловни обврски ве оптеретуваат и понекогаш ви се чини дека не можете да излезете на крај со тоа. Иако сте подготвени за нови познанства, стариот партнер упорно ви се враќа. Можен е мал пад на имунитетот.

Вага

Ве очекува одличен ден во кој ќе немате никакви деловни грижи или проблеми. Новата врска ќе ве мотивира да се менувате на позитивно. Можете да очекувате дека ќе ви се појави нова љубов. Препорака е да се занимавате со спорт.

Скорпија

Можно е да размислувате за нови деловни потези и вложувања кои ќе ви бидат важни. Пред вас е почеток на заеднички живот со саканата личност и можно е да имате трема поради тоа. Не сте сигурни што сè ве очекува. Здравјето ви е солидно.

Стрелец

Денеска е неповелн ден за вас на работното место. Од вас се очекува да се потрудите да направите нешто за да се споречи поголема штета на работното место. Доколку сакате да останете во добри односи со партнерот, покажете дека сте подготвени на компромис. Можни се проблеми со кичмата.

Јарец

Ако сте планирале патување, денес може да очекувате дека ќе успеете да го организирате на најдобар можен начин. Може да очекувате дека ќе имате интересна комуникација со личноста која ноншалантно ќе ви пријде. Проверете го нивото на холестерол во крвта.

Водолија

Малку сте станале мрзливи и почнувате да избегнувате одредени деловни обврски. Потребно во е будење, ако ви се допаѓа личност која е зафатена. Можете да очекувате интересни случувања на љубовен план. Подложни сте на инфекции.

Риби

Доколку сакате да остварите напредок на деловен план покажете дека сте подготвени да чекате и да бидете трпеливи. Воодушевени сте од новата личност која ви се појавила во животот. Можни се проблеми со варењето, па внимавајте на исхраната.

Текстот Дневен хороскоп за 13 март е превземен од Reporter.mk.