Дневен хороскоп за 14 декември

Овен 

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури.

Бик

Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да се посветите на работата или, пак, некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во моментот ќе биде најдобро за вас.

Близнаци

Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премногу ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Сериозната врска која ја имате ќе почне да се распаѓа, ќе сфатите дека сè било од интерес.

Рак

Доброто расположение и поволните услови ќе ве следат целиот ден. Многу ракови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сè уште е рано да правите пресметки.

Лав

По празниците идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите сте добри сè додека нивното мислење не е спротивно на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

Девица

Ќе се почувствувате празно и безволно. За среќа, таквото расположение нема долго да трае. Односите со луѓето нема да бидат без проблеми и не смеете да се обесхрабрите од недоразбирањата, кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи.

Вага

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас, особено оние слободните, ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

Скорпија

Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер не сте доволно искрени.

Стрелец

Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите пречки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер.

Јарец

Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или, пак, во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите, ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или децата.

Водолија

Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве следи одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и волја да преземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.

Риби

Денот е успешен за остварување на сите видовиа комуникација, вклучувајќи го и патувањето. Здравствените проблеми ќе ве вознемируваат и наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што мислите.

Текстот Дневен хороскоп за 14 декември е превземен од Reporter.mk.