Овен
Вие сè наоѓате под голем притисок на работното место и од ден во ден се повеќе размислувате да си дадете отказ. На љубовно поле очекувате поддршка од вашиот партнер и саканата личност. Сепак таа во моментов нема слух за вашите проблеми и è оптеретена со нејзините. На здравствено поле имате проблеми со болки во зглобовите.
Бик
Не стè доволно сконцентрирани на работното место и можно е да направите некои грешки на ова поле. На љубовно поле, не стè премногу заинтересиран за запознавање на нови познанства. Пред лицата од спротивен пол делувате многу ладнокрвно. На здравствено поле, можни се осцилации во расположението.
Близнаци
Вие стè многу посветени на работното поле и можно е да остварите добри резултати во текот на денешниот ден. На љубовно поле, имате можност да остварите некаков контакт со личност од вашето минато. Можно е да ви сè врати старата љубов. На здравствено поле, имате проблем со забите.
Рак
Немојте да дозволите некој друг одлучува во ваше име. Важно е самите да си истапите во свој интерес. Ако стè слободни денешниот ден е многу поволен за почеток на нова врска. На здравствено поле, пожелно е да ја зголемите конзумацијата на калциум и магнезиум.
Лав
Пред вас се помали компликации на деловен план. Можно е некои проблеми да ви се јават прилично неочекувано. На љубовно поле, вие сте многу осамени и нè ви е лесно да остварите нови познанства. На здравствено поле, ве мачи главоболка.
Девица
Загрижени стè за некои проблеми кои настанале на работното место. Не стè сигурни во која насока работите ќе се одвиваат. На љубовен план, доколку ви се допаѓа личност која е родена во огнен знак, тогаш можно е да добиете треска. На здравствено поле, можно е да имате проблем со несоницата.
Вага
Немојте да очекувате поголеми деловни промени. Направете обид да сè посветите на некои вообичаени работи кои се пред вас. Ви сè допаѓа личноста со која имате некој пријателски и опуштен однос. На здравствено поле, би ви годела масажа.
Шкорпија
Ве очекува прилично опуштен ден, кога се во прашање вашите обврски на работното место. Можно е да не бидете претерано оптеретен. Многу стè страствени и сакате да ѝ удоволите на саканата личност. Ве очекува поволен ден за флерт. На здравствено поле, внимавајте на кичмата.
Стрелец
Немојте да се занимавате со претерано ризични работи, за да не направите поголема штета во вашето деловно опкружување. На љубовно поле некое време стè уживале во необврзувачка авантура и сега конечно стè подготвени да прекинете. На љубовно поле, внимавајте на холестеролот.
Јарец
Можете да очекувате помали потешкотии на деловно поле. Не одело онака сè како што сте очекувале да биде. На љубовно поле доколку имате проблем со саканата личност, ќе успеете да ги решите во текот на денот. На здравствено поле, поведете сметка на состојбата со вашите бубрези.
Водолија
Денес не е поволен ден за остварување на нови врски и склучување на нови договори. Најдобро би било во моментов да не се пуштате во некои нови авантури и да правите нови планови. На љубовно поле ќе ви делува како да партнерот ќе сака да се дистанцира од вас. Ќе добиете впечаток дека нешто не е во ред со вас. На здравствено поле, чувствителни стè во областа на уринарниот тракт.
Риби
Бројните деловни обврски ви создаваат чувство на притисок и нервоза. Не е лесно добро да сè организирате. На љубовно поле, ви доаѓа тежок период. Имате голем број на дилеми и ќе ги преиспитувате вашите одлуки. На здравствено поле, падот на имунитетот може да ви предизвика големи проблеми.
Текстот Дневен хороскоп за 14 февруари е превземен од Reporter.mk.