ОВЕН
Очекувајте позитивни промени на полето на работа. Судбината е на ваша страна. Сè поблиску сте до нова врска со личност за која не сте очекувале дека ќе ја освоите. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на температура.
БИК
Работата ви создава притисок. Имате впечаток дека ви се потребни некакви промени кон подобро. Пред вас е период во кој потребно е да направите промени поврзани со вашиот партнер и заедничката иднина. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Ви следува одличен ден за работа. Можете да се надевате на успех и позитивни промени. За оние кои сакаат да запознаат нови лица, денес е идеален ден за тоа. Подгответе се за сериозна врска. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
РАК
Можете да очекувате поволни околности кога е во прашање работата. Ве очекува одличен ден на ова поле. Ќе имате можност да се заљубите во личност која ќе покаже дека е подготвена за сериозна врска со вас. Внимавајте на здравјето и обидете се да создадете здрави навики.
ЛАВ
Вашата комуникација со колегите се подобрува од ден во ден. Со време ќе успеете да остварите позитивна атмосфера во колективот. Сакате да ги промените околностите во кои се наоѓате, особено поради тоа што не сте задоволни од моменталната врска со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
ДЕВИЦА
Деловната атмосфера станува сè подобра и подобра. Задоволни сте од сработеното и ве очекува поволен период за работа. Чувствувате доза на страв кога е во прашање шансата да се впуштите во нова врска. Внимавајте на здравјето и чувствителноста со желудникот.
ВАГА
Доколку сакате да влезете во нова деловна соработка, добро проверете ги сите услови на кои ќе се согласите. Подготвени сте за промени и нови познанстав на љубовно поле. Досадно ви е повеќе да бидете сами. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
СКОРПИЈА
Цврсто верувате во тоа дека е можно да ги остварите вашите деловни цели кои ги имате и имате намера да продолжите да се трудите. Можете да очекувате позитивни околости во односот со вашиот партнер. Вашата врска од ден во ден оди кон подобро. Внимавајте на здравјето. Одвреме-навреме направете редовна лекарска контрола.
СТРЕЛЕЦ
Дојдено е време да покажете дека сте подготвен да направите одредена жртва за благосостојба на компанијата. Денешниот ден ви е поволен и за љубов и нови познанства, особено за оние кои се слободни. Внимавајте на здравјето и проблемите со болки во пределот на вратот и рамењата.
ЈАРЕЦ
Сега ќе ви се укаже можност да остварите подобра заработка. Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од ситуацијата на работа. Сигурноста во себе ве прави уште повеќе шармантни. Ќе имате шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на хормоните.
ВОДОЛИЈА
Поради недостиг на концентрација, не можете целосно да се посветите на вашите вообичаени деловни активности. Ве очекува поволен период со вашиот партнер. Од ден во ден станувате сè поблиски. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.
РИБИ
Иако максимално сте подготвени да ѝ се посветите на работата, на крајот нема да успеете да ги завршите сите обврски на време. Нервозни сте и не ви е лесно да најдете компромис со вашиот партнер, во врка со некои проблематични прашања. Внимавајте на здравјето. Имате проблеми со несоницата.
Текстот Дневен хороскоп за 14 февруари е превземен од Reporter.mk.