Овен
За сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден е идеален за заработка. Чувството на осаменост не ви дава мир. Тешко ви е да ја преоблите старата љубов. Поведете сметка на исхраната.
Бик
Толку сте окупирани со одредени случувања во приватниот живот, што ги занемарувате и запоставувате своите обврски на работното место. Премногу се имате опуштено и имате прекинато да преземате иницијатива во вашата врска за што било, нешто за кое вашиот партнер ви замерува. Можни се болки во грлото.
Близнаци
Иако размислувате да ја промените работата, чувството на сигурност кое ви го овозможува моменталната работна позиција не ви дава така лесно да се одлучите на ваков чекор. Не сте сигурни што точно чувствувате кон вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Имате нарушен метаболизам и го губите апетитот.
Рак
Поради недостиг на концентрација и голем замор правите повеќе грешки од вообичаено. Денес ви е еден од оние лоши денови. Чувствувате дека партнерот ви е единствениот на кој може да се потпрете во животот. Имате проблем со нискиот притисок и изнемоштеност.
Лав
Денес ќе имате потешкотии да дојдете до информации кои ви се потребни, поради што ќе се чувствувате исфрустрирано. Моменталната состојба во вашата врска ви одговара и не сакате да менувате ништо во истата. Внимавајте на здравјето. Потребен ви поголем одмор.
Девица
Добро сте расположени и сакате да ја раширите добрата атмосфера на своето деловно опкружување. Ве чека позитивен ден на работа. Доколку денес почнете нова врска, таа ќе биде долготрајна и значајна. Внимавајте, можно е да имате проблеми со зглобовите.
Вага
Денес сте напнати повеќе од вообичаено и склони сте на нагли непромислени потези. Внимавајте да не загрозите некој важен деловен потфат. Саканата личност како да ви укажува сè помалку внимание, нешто што ве повредува. Можна е појава на вкочанетост.
Скорпија
Денес ќе ви пречи монотоната атмосфера и секојдневната рутина на работното место. Обидете се да направите некакви промени. За оние кои се во брак, може да очекувате убаво изненадување од својот партнер. Проверете го нивото на холестерол во крвта.
Стрелец
Денес без поголем притисок ќе ги извршите поголемиот дел од работите што ви се предвидени. Најдете време и за партнерот, се чувствува запоставено. Проверете ја крвта.
Јарец
Не треба да очекувате дека лесно ќе ги решите компликациите на ова поле. Потребно ви е повеќе време отколку што мислите. Не сте задоволни со комуникацијата со личноста која ви е драга. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да ја зголемите консумацијата на вода.
Водолија
Може да очекувате поволен ден на работното место. Очекувате значително подобрување, добивка или профит. Ве очекуваат мали љубовни проблеми со саканата личност. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со стомакот.
Риби
Може да очекувате дека ќе бидете задоволни од случувањата на работното поле. Ќе ви се подобри комуникацијата со личноста која ви се допаѓа и наскоро ќе имате можност да испланирате средба која ќе се покаже клучна за вашата иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите кои можат да се појават со вашиот врат.
Текстот Дневен хороскоп за 15 април е превземен од Reporter.mk.