Дневен хороскоп за 15 јануари 2019 година

Овен (21.03 – 20.04)

Решението на проблемот кое сте го чекале сепак нема да дојде така брзо, како што сте се надевале. Можни се нови компликации. Чувствата кои ги гаите кон саканата личност засега не ви се возвратени. Внимавајте на своето срце.

Бик (21.04 – 21.05)

Иако работите не се одвиваат онака како што сте ги испланирале и ситуацијата постојано се менува, сепак не е се надвор од ваша контрола. Обидете се да направите некаков ред. Неодлучни сте во врска со вашата иднина со вашиот партнер. Имате чувствителна бешика и уринарен тракт.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби ќе погрешите ако денес се одлучите да направите некаква нова деловна соработка. Најдобро би било важните одлуки да ги направите и оставите за некој друг ден. Комуникацијата со саканата личност не ви е на најдобро ниво. За тоа и двајцата носите дел од вината. Избегнувајте ги цигарите.

Рак (22.06 – 22.07)

Можна е нова финансиска криза, во период на нови неочекувани трошоци. Иако материјално сте обезбедени, чувствувате дека партнерот не ви обезбедува се. Тешко ви е да допрете до неговите искрени емоции. Внимавајте на штитната жлезда.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес би било најпаметно ништо да не ризикувате. Сите проблеми кои можеби ќе ви се појават најлесно ќе ги решите ако играте на сигурно. Ви станува јасно дека вашиот партнер не е она на кое сте се надевале на почетокот. Ќе имате проблем со главоболката која често ќе ве следи.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес можете да остварите добра соработка со лицата кои се родени во знакот на риби. Склопувањето на соработка со оние родени во знакот на јарец нема да ви донесат бенефит, туку напротив. Би било добро да се дистанцирате од лица кои имаат негативни емоции.

Вага (23.09 – 22.10)

Во периодот кои ви следи ќе бидете оптеретени со голем број обврски, кои не сте ги очекувале. Вашиот партнер ќе ги меша пријателите и семејството во вашите проблеми, а вие нема да се согласите со таквото решение. Обидете се тоа да го прекинете. Имате чувствителни зглобови.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Деловните проблеми ви се до тој степен комплицирани што ви е јасно дека нема да можете самите да ги решите, но нема да знаете ни кому да се обратите за да ви помогне во решението. Иако саканата личност е до вас и ви ја дава целосната поддршка, тоа нема да ви биде доволно. Имате проблеми со грбот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доаѓа период на олеснување. Можно е да решите некој проблем од минатото, кој долго сте го тргале на страна. Можно е повторно да остварите контакт со некоја личност со која сте имале авантура. Здравјето ви е добро.

Јарец (22.12 – 20.01)

Во фазата која ви доаѓа ќе потрошите многу време на решавање на административни проблеми. Ако отворено му покажете на партнерот што ве мачи, ова е време да му покажете на партнерот што ве мачи. Ова е време кога можете да покажете разбирање. Избегнувајте го алкохолот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Личност многу постара од вас ќе ви помогне во остварувањето на некои деловни и бизнис амбиции. Во вашиот живот ќе влезе некоја нова личност која ќе ви ги помеша чувствата, но нема да ви даде целосна доверба. Добро ќе ви дојде рекреација.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес е можен голем пресврт што се однесува до работата. Може да очекувате возбудлив и динамичен ден. Полека и се доближувате на вашата симпатија. Развивате блискост и некакви нови чувства. Но и таа не е рамнодушна. Здравјето ви е одлично.

 

Текстот Дневен хороскоп за 15 јануари 2019 година е превземен од Reporter.mk.