ОВЕН
Максимално сте посветени на целите и сакате да се докажете пред вашите колеги и шефови. Ќе имате можност за ново познанство кое подоцна ќе доведе до сериозна врска. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
БИК
За оние кои се занимаваат со приватна работа ве чекаат убави времиња. Ве чекаат редица успеси и поголема заработка на крајот од месецот. Ве загрижува врската со партнерот и ви се чини дека нема да успеете да ги одржите добрите односи. Внимавајте на здравјето. Сега е поволен период за слабеење.
БЛИЗНАЦИ
Денот ќе ви биде тежок, но и покрај се ќе успеете на крај да ги надминете сите компликации и да излезете посилни и помудри. Чувствителни сте кога се однесува на врската со вашиот партнер и сакате да најдете заедничко решение за проблемите кои ве мачат. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да одморате.
РАК
Ќе имате мали пречки во односите со колегите. Ќе ви биде потребно поголемо трпение и напори за истите ги решите. Ако покажете искрени чувства кон спиматијата и таа ќе ви возврати со иста мера. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.
ЛАВ
Успехот кој сакате да го постигнете на полето на работа ќе ви го подигне расположението и самопочитта. Можете да очекувате и поволен ден за флертување и нови познанства. Ѕвездите ви се наклонети кога станува збор за полето на љубовта. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
ДЕВИЦА
Пред вас е поволен период за да ги решите сите недоумици од претходниот период. Односот со вашиот партнер ви е променлив. Често ни самите не сте сигурни што сакате и што можете да очекувате од врската. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.
ВАГА
Во текот на денот ќе успеете да ги остварите сите цели и планови и не би требало да имате никакви стресови и проблеми кога станува збор за работата. Можно е да запознаете некоја нова личност со која ќе имате многу интересни моменти и со која ќе сакате да бидете подолго време заедно. Со здравјето сè е во ред.
СКОРПИЈА
Конечно доаѓаат подобри денови кога е во прашање работата. Досега успешно ги извршувате вашите задачи, а како стојат работите, со одличната работа ќе продолжите и во иднина. Вашиот партнер е искрен кон вас и двајцата знаете точно што сакате од врската. Можете да се надевате на позитивни околности. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
СТРЕЛЕЦ
Постојано се ослонувате на вашата интиуција кога е во прашање работата. Денес сте подготвени да превземете мали ризици. Вашиот партнер ви е максимално посветен и искрен. Немате причина за никаква загриженост. Внимавајте на здравјето и проблемите со кожата.
ЈАРЕЦ
Ве очекува многу работа. Големиот број обврски ви создаваат голем притисок. Можно е да остварите интересно познанство кое отворено ќе ви покаже дека е заинтересирано за вас. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
ВОДОЛИЈА
Пред вас е можност да одморите. Денешниот ден ќе го минете опуштено без премногу обврски. За оние кои се слободни, можно е да влезат во нова врска или да остварат ново познанство. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
РИБИ
Ќе успеете да ги остварите сите зацртани цели. На крајот од денот ќе бидете задоволни од сработеното. За оние кои се слободни, ќе се зближите со симпатична и харизматична личност. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.
Текстот Дневен хороскоп за 18 февруари е превземен од Reporter.mk.