Овен (21.03 – 20.04)
Во овој период ќе ѝ се вратите на рутината која ви била пореметена по бројните проблеми кои конечно сте успеале да ги решите. Сегашниот партнер сега ви пружа емотивна сигурност, љубов и внимание. Поведете сметка на кардиоваскуларниот систем.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашите амбиции ви отвораат нови можности кои можете многу добро да ги искористите ако продолжите да се трудите како досега. Подготвени сте да и се доближите на личноста која многу ви се допаѓа. Самоуверени сте. Немате здравствени проблеми.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денешниот ден ви е многу поволен. Ќе бидете задоволни од исходот на сето тоа што денес ќе го сработите. Во моментов сте во потрага по партнер кој ќе ви овозможи стабилност. Не сакате нови возбудувања во животот. Можни се проблеми со забите.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес имате можност да одморите од стресот кој го доживувате на работа. Не се двоумете овој одмор максимално да го искористите. Оставете ги грижите за некој друг ден. Претерувате со критиките кон партнерот и барате повод за кавга кога го нема. Внимавајте со нискиот притисок.
Лав (23.07 – 22.08)
За да имате успешен ден денес ќе морате да вложите дополнителен труд. Бидете свесни дека со вистинскиот пристап се може да се реши. Постои личност која ви се допаѓа ѝ по која многу фантазирате, но не сте подготвени за врска. Хронично сте заморени.
Девица (23.08 – 22.09)
Не обидувајте се да превземете се на себе. Проблемите ќе ги решите само ако имате поддршка од другите околу себе. Личноста која ви се допаѓа полека ќе ги открива новите страни од својата личност кои претходно не сте ги приметувале. Здравјето ви е добро.
Вага (23.09 – 22.10)
Можни се промени на работа кои нема директно да се одразат на вас, но ќе ги почуствувате нивните последици. Вашиот партнер намерно ќе биде љубоморен и вашата врска се повеќе ќе се претвора во манипулација. Потребна ви е релаксација.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На работа не очекувајте никакви важни промени. Денес се ќе се одвива по својот редовен тек. Можно е да доживеете убава и возбудлива авантура со личноста која веќе долго време ја познавате. На здравствено поле се чувствувате добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Нема да ви биде лесно да остварите се што ќе посакате, затоа што ќе имате повеќе обврски од вообичаено. Потрудете се да се ангажирате се повеќе. Се наоѓате во голема емотивна дилема, која нема многу брзо да се разреши. Можен е пад на имунитетот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не сте оптеретен премногу со работата и успевате да го организирате своето време на тој начин да постигнете да се посветите на се што ќе сакате. Чувствувате силна желба на партнерот да му пружите што повеќе и тој покрај вас да се чувствува исполнет. Заштитете ја својата кожа од студот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Моменталната ситуација на работа ви е многу стабилна што ви дава време да разгледате многу нови идеи и можности. Врската со вашиот партнер добива позитивен пресврт по искрените разговори. Имате проблеми поврзани со крвотокот.
Риби (20.02 – 20.03)
Целите кои сте си ги поставиле пред себе ќе ги остварите многу побрзо отколку што сте мислеле. Бидете позитивни. Ќе планирате патување со партнерот. Доколку сте сингл, можно е денес да запознаете некој од странство. Размислете за диета.
Текстот Дневен хороскоп за 18 јануари е превземен од Reporter.mk.