Дневен хороскоп за 19 август

Овен

Тешко ги прифаќате новите задачи од надредените. Односот со партнерот ќе ви биде на стаклени нозе. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

Бик

Ако не сте сигурни не избрзувајте во носењето одлуки на работното место. Секој потег носи свои ризици. Денешниот ден ви е неповолен. Иако вашата љубов е силна, имате чувство дека меѓу вас и саканата личност постојат карактерни разлики кои ќе ве одвојат. Внимавајте на здравјето. Би ви годел одмор.

Близнаци

Не се надевајте премногу на помошта од соработниците, затоа што би можеле да бидете изневерени. Најважната задача треба да ја завршите самите. Односот со саканата личност ќе ви биде нарушен. Врската со вашиот партнер ќе ви влезе во сериозна криза. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

Рак

Очекувајте проблеми и тензии на работното место. На љубовно поле, ќе остварите средба со личност која веќе подолг период ве привлекува. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

Лав

Стабилните финансии ви даваат чувство на сигурност. Ве очекува генерално поволен период за работа. Кога е љубовта во прашање, не можете да функционирате под притисок. Односот со саканата личност ви носи големи тензии. Внимавајте на здравјето. Посетете лекар.

Девица

И покрај тоа што на деловен план се обидувате да ја одржите состојбата стабилна, некои проблеми изненадувачки ви се повторуваат. Ви сметаат ограничувањата кои вашиот партнер ги поставува. Внимаајте на здравјето. Ве мачи мигрена.

Вага

Се уште не можете да решите дел од проблемите кои ве мачат од претходниот период. Очекувајте проблеми на работа. Личноста која ви се допаѓа се обидува да се дистанцира во комуникацијата со вас. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со штитната жлезда.

Шкорпија

Што се однесува на работното место не очекувајте големи промени во текот на денот. Пред вас е еден статичен ден во кој ќе останете пасивни. Тешко ќе ви биде да ја преболите старата љубов. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.

Стрелец

Не ви е лесно да ја одржите стабилно сотојбата на полето на финансии. Пред вас е предизвикувачки период на ова поле. Имате многу доверба во брачниот партнер кој е подготвен да ви се посвети целосно. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте пороци и нездрав начин на живот.

Јарец

Очекувајте во текот на денешниот ден деловната ситуација значително да ви се подобри. Денот е одличен за почеток на нова љубовна врска, која би можела да трае подолго време. Ќе се заљубите и ќе бидете среќни. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на алергии.

Водолија

Не сте посветени на работата онолку колку што се бара од вас. Очекувајте да бидете санкциониран поради тоа. Ви се менува расположението, а поради тоа трпи односот со саканата личност. Ве очекува турбулентен период. Внимавајте на здравјето. Претерано сте исцрпени.

Риби

Во деловното опкружување ќе доживеете мали стресови. Подгответе се за тежок ден. Покрај вашиот партнер имате чувство на мир. Внимавајте на здравјето и зголемената температура.

 

Текстот Дневен хороскоп за 19 август е превземен од Reporter.mk.