Овен
Новиот деловен партнер би можел да ве поврзе со важни контакти. Новите познанства ви доаѓаат секој ден. Можете да очекувате интересна атмосфера. Со здравјето сè е во ред.
Бик
Во моментов да не сте подготвени за превземање на големи одговорности. Одморајте колку можете повеќе. Во вашиот однос со саканата нема доволно доверба. Внимавајте на здравјето и хорничните проблеми.
Близнаци
Ќе добиете помош од личност од странство, која ќе дојде во моменти кога ви е најпотребна. Ви годи слободата која ја имате со саканата личност. Задоволни сте од вашиот однос. Внимавајте на здравјето и занимавајте се со спорт.
Рак
Задоволни сте од ситуацијата која ја имате на овој план и засега не планирате поголеми промени. Ако ви се допаѓа некоја личност која не е слободна, таа врска не е добра за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.
Лав
Не сте подготвени за деловните предизвици кои се пред вас. На моменти ќе немате мотивација за работа. Не сте заинтересирани за врска ако партнерот не покаже емоции. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.
Девица
Можете да очекувате дека ќе ви се укаже можност да напредувате побрзо отколку што сте очекувале. Имате впечаток дека меѓу вас и партнерот постојат некои неискрености или проблеми кои се туркаат под тепих подолго време. Внимавајте на здравјето и проблемите со имунитетот.
Вага
Не сте заинтересирани за новата работа додека не завршите со старата. Ве очекува голем пресврт на полето на љубовта. Можни се бурни промени и нови случувања. Внимавајте на здравјето и забрзаната работа со срцето.
Шкорпија
Денес не е поволен ден за превземање на ризични потези. Обидете се да се држите на сигурната страна. Вашите емоции не се сосема дефинирани и не ви е лесно да се одлучите за која конкретна промена. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.
Стрелец
Можете да сметате на позитивна атмосфера со деловните соработници. Пред вас е добар период. Не сте расположени за кавга со саканата личност иако таа упорно покажува незадоволство и ги дига тензиите. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.
Јарец
Осцилациите кои ви се случуваат на деловно поле ќе ве зацврстат. Вашиот партнер покажува знаци на грижа за некои ситни работи кои му се прилично значајни. Внимавајте на здравјето и исхраната.
Водолија
Во текот на денешниот ден ќе имате недостиг на трпение и лесно ќе доаѓате до избувливи ситуации. Очекувајте конфликти на работа. Ќе одлучите дека не сакате да бидете во врска во која сте незадоволни. Не сте подготвени за таква жртва. Внимавајте на здравјето и проблемите со зголемиот крвен притисок.
Риби
Пред вас е поволен период во кој ќе можете да ги остварите сите ваши идеи. На љубовно поле ќе сакате да сокриете некои од вашите чувства. Време е самите со себе да дефинирате што сакате. Внимавајте на здравјето. Ве мачи несоница.
Текстот Дневен хороскоп за 20 јули е превземен од Reporter.mk.