Дневен хороскоп за 21 февруари

ОВЕН

Ве чека понуда за работа од странство. Денес е поволен ден за нови деловни договори. Ќе остварите контакт со личност која ќе сака да биде во врска со вас. Внимавајте на здравјето и чувајте се од хрночни проблеми.

БИК

Ќе успеете да остварите значителна добивка кога е во прашање работата. Ви претстои идеален период кога се во прашање финансиите. Иако сте разочарани, не се откажувате од потрагата по вистинската љубов. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Ќе успеете да ја стабилизирате состојбата на работа, а наскоро може да ви се укажат и нови шанси за успех. Ќе ви се врати еланот и енергија со запознавањето на нова личност во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на алергиите.

РАК

Пред вас е период на многу стресови и промени кога е во прашање работата. Не ви е лесно да остварите стабилност на работа. Чувствувате како полека се оддалечувате од партнерот и односот повеќе никогаш нема да ви биде ист. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Ве очекува период полн со неизвесности. Нема да ви биде лесно кога е во прашање работата. Засега задоволни сте од емотивната состојба. Се чувствувате убаво кога сте покрај партнерот. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ДЕВИЦА 

Во најголем дел ќе успеете да ги решите и спроведете на дело сите планови кои сте ги имале во врска со вашата работа. Засега немате среќа во љубовта. Не ви е лесно да се отворите кон вашиот партнер. Со време, работите ќе се подобрат на подобро. Внимавајте на здравјето и можниот пад на имунитетот.

ВАГА 

Важно ви е на време да се научите на одредена дипломатија во деловната комуникација. Ви се допаѓа личност која досега не покажала никакви чувства кон вас. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на магнезиум.

СКОРПИЈА

Очекувајте кочници и блокади од колегите на работа. Најдобро е да не правите никакви поголеми планови на ова поле. Можно е да имате мало несогласување во односите со партнерот. Проблемите од ден во ден сè повеќе ќе се зголемуваат. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во грбот.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте какви било конфликти со законот, надредените или било какви кршења на правилата на работа. Ви следува тежок период на ова поле. Доколку сте слободни, денес е идеален време да запознаете нова личност. Веројатно ќе влезете во врска со некого од странство. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

ЈАРЕЦ

Финансиите ви се нестабилни и загрижени сте за вашата деловна ситуација. Прилично сте љубоморни, а тоа е нешто што многу му смета на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со дебелото црево.

ВОДОЛИЈА 

На полето на работа ќе успеете да ги остварите сите ваши планови и замисли. На крајот од денот ќе бидете задоволни од сработеното. Понекогаш се сомневате во искреноста на вашиот партнер. Вашата врска би можела да западне во криза. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.

РИБИ

Ве очекува период во кој ќе бидете имун на деловните проблеми, но и расправиите со вашите колеги на работа. Потребно ви е некое време да се посветите на себе си. Уморни сте од љубовните проблеми. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

 

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 21 февруари е превземен од Reporter.mk.