ОВЕН
Имате потешкотии во извршувањето на задачите. Немате никаква поддршка од колегите, а шефот дополнителни ви предизвикува притисок. Чувствувате дека повеќе не можете да издржите. Повлечени сте и не ги забележувате сите можности кои ќе ви се укажат за запознавање на нови лица. Внимавајте на здравјето и склоноста кон дебелеењето.
БИК
Чувствувате дека ви се потребни некакви промени на работа. Ќе ви биде тешко да ги подобрите односите со колегите и вашиот шеф. Ве чекаат неизвесни моменти на полето на финансии. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе покаже интерес за вас, а на вас останува да одлучите дали ќе сакате да влезете во врска. Сега е моментот да ја искористите шансата која ви се укажува. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.
БЛИЗНАЦИ
Премногу им верувате на колегите и се надевате на нивната поддршка на работа. Време е некои работи да ги земете во свои раце и самите да ги завршите. Вашиот шеф ќе го цени вашиот индивидуален труд и на крајот од месецот соодветно ќе ве награди за постигнатото. Ќе запознаете нова личност која во вас ќе ги разбуди чувствата на радозналост и љубопитност, но истовремено ќе чувствувате и несигурност и страв. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервниот систем.
РАК
Денес е поволен ден за да пресечете и да размислите што сакате да работите во иднина. Пред вас претстојат убави моменти на ова поле. Обидете се да ја искористите секоја шанса која ќе ви се укаже и нема да зажалите. И покрај тоа што сте во врска се чувствувате осамено. Не сте задоволни од односот со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Ве мачат хронични проблеми.
ЛАВ
Морате да промените некои од своите навики на работа во наредниот период. Промените се нешто кое во иднина ќе ви ги подобри односите со вашите колеги и шеф. И покрај тоа што чувствувате дека давате сè за да ја подобрите врската, партнерот ќе бара уште повеќе. Тој сака целосно да му се посветите. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте го алкохолот и други опијати.
ДЕВИЦА
Финансиските пресврти во наредниот период ќе ви предизвикаат стресови и тензии на работа и ќе се чувствувате несигурно меѓу колегите. Обидете се да останете смирен и полека решавајте ги задачите. Проблеми ќе имате и во љубовната врска со партнерот. Чувствувате дека не е целосно искрен кон вас. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со уринарниот тракт.
ВАГА
Често правите грешки кога е во прашање работата и потребно ви е време за да ги исправите. Не сте доволно сконцентриран и потребен ви е одмор. Иако чувствувате тензии и несигурност во врската со партнерот, сепак подготвени сте работите на подобрување на атмосферата. Сеуште не сте подготвен да се откажете. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на глвоболка.
СКОРПИЈА
Потребно е да се посветите на работата и некои работи полека да ги промените на подобро. Чувствувате дека како стојат сега работите, вашите колеги и шеф не се задоволни од сработеното. Свесни сте за мааните кај вашиот партнер и ги прифаќате без разлика на сè. Премногу го сакате за да се разделите. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.
СТРЕЛЕЦ
Можно е наскоро да ви се укаже шанса со некој деловен проект. Прифатете ја зделката. Сега е моментот и искористете ја шансата која ви се укажува. Со овој проект значајно ќе ви се подобрат финансиите. Во моментов љубовта не ви е приоритет. Чувствувате дека не сте подготвен за врска и имате други приоритети во животот. Внимавајте на здравјето. Ве мачат проблеми со хроничниот замор.
ЈАРЕЦ
Не сакате да им попуштате на колегите на работа. Постојано мислите дека сте во право и сакате секогаш во разговорите вие да бидете во право. Поправете го однесувањето, затоа што тоа во иднина нема да ви донесе никакви бенефити. Врската со партнерот полека влегува во криза. Постојано се јавуваат нови проблеми и чувствувате дека крајот се ближи. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со алергиите.
ВОДОЛИЈА
Ќе имате премногу слободно време во текот на денешниот ден. Не ве чекаат многу обврски и искористете го времето за однор. Сакате со партнерот да остварите стабилна љубовна врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
РИБИ
Исфрустрирани сте поради начинот на кој се однесуваат вашите колеги и претпоставени на работа. Постојано сте нервозни и поради секојдневните проблеми и незавршени обврски. Ве чекаат неизвесни моменти на ова поле. Убаво ви е со партнерот и чувствувате дека треба повеќе време да минувате заедно. Внимавајте на здравјето и проблемите поврзани со притисокот.
Текстот Дневен хороскоп за 22 ноември е превземен од Reporter.mk.