Дневен хороскоп за 23 декември

ОВЕН

Пред вас е ден во кој ќе ви се случат голем број позитивни настани. Работата ви оди одлично и задоволни сте од заработувачката. Продолжете така. Вашата тврдоглавост би можела да ви создаде компликации во односот со личноста кон која имате силни чувства. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со дигестивниот систем.

БИК

Во текот на денот можете да се надевате на поддршка од вашите колеги и конечно да ги реализирате плановите кои сте ги зацртале од поодамна. Денес ќе успеете да остварите позитивен контакт со личност која ви се допаѓа веќе извесно време. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

БЛИЗНАЦИ

Денес е поволен ден за носење на нови одлуки. Искористете го периодот и можноста за да напредувате. Наскоро ве очекувајте да запознаете личност која ќе биде според вашите стандарди. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте било како претерување во било што.

РАК

Конечно ќе имате можност да напредувате на полето на работа. Можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од новите настани кои ќе ви се случат во текот на денот. Ве очекува и средба со личност која ја познавате од претходно и со кои ќе развиете силни чувства на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарниот тракт.

ЛАВ

Ве чекаат нови промени и случувања кога е во прашање работата. Ќе ви биде потребно време за да се прилагодите на истите, но на крајот ќе можете да се носите со сите предизвици. Денес ќе остварите интересно и ново познанство со личност со која ќе сакате да влезете во долга врска. Внимавајте на здравјето и нискиот притисок.

ДЕВИЦА 

Ве чека поволен ден на полето на работа. Можете да се надевате на убави вести од вашите претпоставени од кои ќе бидете прилично задоволни. Не сте снаодливи премногу во комуниакцијата со личноста кон која имате силни чувства. Постојат ситни недоразбирања меѓу вас кои лесно можете да ги надминете. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.

ВАГА 

Избегнувајте ги работите кои со себе носат ризици, затоа што на крајот би можеле да излезете како губитници. Ве очекува интересна средба со личност која ќе сака да влезе во поголема авантура со вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со очите.

СКОРПИЈА

Денес можете да остварите ново деловно познанство кое во иднина може да се покаже како многу значајно за вас. Се сомневате во вашиот партнер и чувствата кои тој ги има кон вас. Полека ја губите довербата во него. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Следува период за важни одлуки кога е во прашање работата. Ѕвездите ви се наклонети, на вас останува да го искористите периодот за работа. На крајот ќе излезете како победник и ќе бидете задоволни од целата работа. Имате многу нови можности за познанства, но сеуште имате силни чувства кон старата љубов. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ЈАРЕЦ

Можете да очекувате пресвртница на полето на работа. Состојбата прилично ви е нестабилна и внимавајте во носењето одлуки. Разочарани сте од вашиот партнер затоа што е крајно неискрен кон вас, за важни прашања. Внимавајте на здравјето и проблемите со штитната жлезда.

ВОДОЛИЈА 

Размислувате за можна промена на работата и тоа е нешто што ве загрижува. Ве очекува период во кој на некој начин ќе бидете оптеретени со работата. Со саканата линост имате атмосфера на разбирање и задоволни сте од врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

РИБИ

Не посветувате доволно внимание и енергија кога е во прашање работата. Многу лесно го губите фокусот. Имате голем број проблеми кои ви висат над глава и ве оптеретуваат на некој начин. Денес ќе имате интересен разговор со личност која во вас ќе разбуди нови посебни чувства. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.

 

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 23 декември е превземен од Reporter.mk.