ОВЕН
Наредниот период одморете од работа. Денот не е погоден за склучување на било какви договори. Ако веќе ги правите, бидете подготвени подоцна да ги промените. Вашиот партнер ќе ви биде целосно посветен и ќе уживате во убавите заеднички моменти. Љубовната страна ви е максимално исполнета. Внимавајте на здравјето и проблемите со алергиите.
БИК
Можете да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за проблемите кои ве мачат на работното место веќе подолго време. Немате доверба во вашиот партнер и вашата врска полека, но сигурно влегува во криза. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.
БЛИЗНАЦИ
Во наредниот период ве очекуваат само убави моменти на работа. Ќе успеете да го направите она што сте го имале на ум веќе подолго време. Денот не е ви е поволен за љубов. Ако сте во врска, би можеле да имате голем број несогласувања со вашиот партнер. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.
РАК
Дадете сè од себе кога ќе треба да донесете рационални одлуки. Кога станува збор за работата, не дозволувајте да ве понесат емоциите. На крајот од денот нема да зажалите за сработеното. Можно е вашата недоверба кон партнерот да го наруши вашиот однос. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарниот тракт.
ЛАВ
Ако сакате успеете во работата, обидете се да му покажете на вашиот шеф дека сте подготвени вредно да работите. Можно е да се решите да ја прекинете врската во која сте незадоволни. Вашето трпение не ви е најсилна страна. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервниот систем.
ДЕВИЦА
Имате одлична можност да се покажете на деловен план. Ве очекува поволен период кога станува збор за работата. Посакувате врска во која ќе имате искрена обострана љубов со партнерот. Во моментов сеуште не можете да ја најдете вистинската љубов. Внимавајте на здравјето и болките во грбот.
ВАГА
Имате поддршка да ги остварите целите кои ги имате зацртано и кои ги сметате за важни за вашата компанија. Можете да очекувате дека ќе успеете во намерите на ова поле. Подготвени сте да му покажете на вашиот партнер какви очекување и намери имате по прашањето на иднината. Внимавајте на здравјето. Потребна ви е физичка активност.
СКОРПИЈА
Избегнувајте поголеми вложувања или деловни ризици, затоа што во спротивно би можеле да имате големи загуби. Денот не ви е поволен по прашањето на работата. Покажете му на вашиот партнер дека сте подготвени да се посветите целосно на вашиот однос. Внимавајте на здравјето и избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Можете да очекувате конфликти со вашите надредени. Денешниот ден не ви е поволен кога се однесува на работата. Се чувствувате осамено и не ви е лесно да запознаете нова личност, некој кој ќе ви одговара. Внимавајте на здравјето и чувајте ги бубрезите.
ЈАРЕЦ
Имате голем број обврски пред вас и не ви лесно да се организирате и да ги завршите на време. Ако сакате да остварите некое ново познанство потребно ви е бидете малку поотворени во контактите со спротивниот пол. Внимавајте на здравјето. Имате пад на имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Можно е во наредниот период да имате компликации по прашањето на работата. Многу работи ве оптеретуваат и голем број проблеми ви надвисуваат над глава. На љубовно поле работите се сјани. Има голема можност да запознаете личност со која во наредниот период би можеле да влезете во врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со аритмијата.
РИБИ
Време е поинаку да си ги поставите деловните приоритети и да се подготвите за период на промени. Вашиот партнер постојано ќе ви контрира во работите до крајни граници, нешто што воопшто нема да ви се допадне и можеби ќе го наруши вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Не се изложувајте на преголем напор.
Текстот Дневен хороскоп за 23 јануари е превземен од Reporter.mk.