Дневен хороскоп за 23 мај

Овен 

Имате повеќе слободно време од вообичаено. Искористете го овој ден малку психички да се растеретите. Сè повеќе сте сигурни дека сакате да го поминете остатокот од животот со партнерот со кого во моментов сте и занесени сте со планирањето на заедничката иднина. Со здравјето сè е во ред. Не би требало да очекувате никакви проблеми.

 

Бик

Исфрустрирани сте поради однесувањето на вашите надредени и сметате дека не се квалификувани за нивните позиции. Убаво ви е со моменталниот партнер и единствен проблем е што тешко наоѓате време за да бидете заедно. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми поврзани со притисокот.

 

Близнаци

Ако сте биле во кавга со некои лица од колективот, можете да очекувате решение на ситуацијата во текот на денот. Обидете се да го одржите таквиот мир. Убаво се согласувате во моментите кои ги минувате заедно со саканата личност. Со здравјето сè е во ред. Не би требало да имате никакви проблеми.

Рак

Можно е прилично брзо да донесете некоја важна деловна одлука, но ќе ве послужи среќата, па истата ќе се покаже како исправна. Денешниот ден ќе ви биде поволен по прашањето на љубовта. Можно е конечно да остварите врска со личност која ви е многу драга. Внимавајте на здравјето. Подложни сте на настинки и проблеми со грлото.

Лав

Генерално сте задоволни од деловната ситуација иако постојат некои ситници кои радо би ги промениле. Можете да очекувате исклучително интересно познанство и поволна прилика за започнување на нова врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Девица

Обврските ви се таложат, а тоа само ја намалува вашата мотивација за да ги решите. Свесни сте дека ситуацијата во вашата врска не е добра, но одлучувате да се помирите и да ги истрпите сите проблеми. Немате енергија за нови промени. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со несвесноста.

Вага

Денес ви успева да ги држите работите под своја контрола, иако се појавуваат некои непредвидливи ситуации. Се чувствувате задоволно. Иако ви се чини дека сте ја пронашле личноста за која сте сонувале, вашите илузии полека се рушат и се соочувате со големо разочарување. Внимавајте на здравјето, можна е појава на вртоглавица.

 

Шкорпија

Можно е да остварите деловна соработка со личност од странство родена во некој воден знак. Уживате во својата слобода и засега не чувствувате потреба да влегувате во нова врска. На некој начин разочарани сте од љубовната врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со стапалата.

Стрелец

Денес е поволен ден за решавање на некои административни прашања и за нови вложувања. Исходите од денешната одлука ќе се покажат како поволни. Ве јаде љубомора, но не сакате да ја покажете пред саканата личност. И самите чувствувате дека таа е неоснована. Внимавајте на здравјето. Изложени сте на воспаленија.

 

Јарец

Денес решението на некој проблем може да дојде од некого од страна. Навикнати сте да им правите на другите добри дела и ова е еден од тие денови кога сето тоа ќе ви се врати. Ќе поминете романтичен ден со саканата личност. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да посетите лекар, поради контрола.

Водолија

 

Иако имате многу обврски, не се чувствувате преоптеретено затоа што знаете дека можете да сметате на помошта на своите соработници. Наскоро ќе влезете во нова врска и ќе можете денес да го направите првиот чекор кој ќе ве одведе кај посакуваната личност. Внимавајте на здравјето. Зголемете ја конзумацијата на витамини и течности.

Риби

Денес нема да бидете толку зафатени како обично. Опуштете се и уживајте додека имате можност. Од партнерот ќе го добиете сето тоа што ви е потребно и обидете се да му возвратите со иста мера. Толку блискост и нежност не сте чувствувале кон никој досега. Со здравјето сè е во ред. Имате полно позитивна енергија.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 23 мај е превземен од Reporter.mk.