Дневен хороскоп за 24 февруари

Овен

Ако сте слободни, ве очекува интересен ден за флерт. Личноста која неодамна се појави во вашиот живот сака нешто повеќе. Избегнувајте алкохол.

Бик

Финансиите не се најдобри и тоа ве депримира. Сакате да ви биде пријатно и затоа финансиите ви се многу важен дел.  Вашата љубомора ги преминува сите граници. Со таквото однесување го одалечувате својот партнер од себе. Проблеми со дебелото црево.

Близнаци

Можете да се надевате дека ќе успеете да ги разјасните околностите кои ви претставуваат кочница на полето на работата. Не сте сигурни во тоа дали вашата симпатија има исти чувства како и вие. Внимавајте на бубрезите.

Рак

Хаотична ситуација на полето на работата ви носи вознемиреност и нервоза. Не сте сигурни што можете да очекувате. Потребно ви е некое време за да се дистанцирате од саканата личност. Можна е настинка.

Лав

Денеска е поволен ден да се посветите на работата, ако е викенд. Многу сте шармантни и лесно ги покажувате своите квалитети. Можно е да имате повеќе различни додворувачи. Внимавајте на притисокот.

Девица

Сакате да ја задржите стабилноста иако некои ризици ве привлекуваат. Не сте сигурни каков треба да биде вашиот следен потег. Имате доверба во саканата личност и односот ви е добар. Повеќе промени доаѓаат во иднина. Би ви годел одмор.

Вага

Доаѓа можност да напредувате и да дојдете до остварување на своите амбиции. Потрудете се да го дадете својот максимум. Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ако сте слободни, можно е да остварите познанство преку работа. Избегнувајте мрсна храна.

Скорпија

Ве очекува позитивен ден во кој ќе успеете да решите некои важни прашања поврзани со работата. Саканата личност ви е посветена и убаво се чувствувате кога сте заедно. Можете да очекувате добар ден. Јадете редовно.

Стрелец

Работите под голем притисок. Имате проблеми со надредените кои не можете да ги решите. Ве очекува поволен ден за нови познанства. Во наредните денови можен е и почеток на љубовна врска. Метаболизмот ви е успорен.

Јарец

Комуникацијата со саканата личност е променлива и во некои моменти не знаете што да очекувате. Внимавајте на вируси.

Водолија

Кога станува збор за финансиите, ве очекува значително подобрување кое ќе ве направи среќни. Уживате во љубовта со саканата личност. Поволен ден за романтика.

Риби

Задоволни сте од работата која е прилично стабилна. Во текот на денешниот ден не ве очекуваат големи промени. Ја подарувате љубовта на саканата личност и навистина уживате во тоа. Потребен ви е повеќе сон.

Текстот Дневен хороскоп за 24 февруари е превземен од Reporter.mk.