Овен
Ќе бидете нетрпеливи и склони да избрзувате. Сепак, колку и да копнеете работите да се случуваат со огромна брзина, подобро е да го забавите темпото на живот и да се движите со мали, сигурни чекори. Ќе сретнете интересна личност со нестандардни размислувања која ќе ви ги отвори очите за многу нешта на кои досега не сте им обрнувале внимание.
Бик
Можни се некои димнамични случувања во вашиот љубовен живот. Потребно е да направите некои промени за да продолжите понатаму. Овој викенд е време за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас а не шефување.
Близнаци
Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.
Рак
Некои желби на другите ќе ви бидат поголем предизвик и приоритет.Останете концентрирани и фокусирани за да научите повеќе. Денес ќе ги анализирате одново и одново работите кои поминале и ќе се подготвувате за нови активности. Можно е да ви биден побаран совет или услуга. Некој пријател ќе ви покаже колку му значите.
Лав
Викендот може да ви донесе доста непогодности и конфликти на деловен план, посебно ако претпоставените ви се женски личности и посебно ако истите имаат проблеми во приватниот живот. Освен тоа можни се возбудувања и емотивни неспокојства, изблици на незадоволство од партнерскиот однос, особено по завршувањето на деловниот дел од денот, кога очекувате малку релаксација, смирување со партнерот од кого очекувате разбирање.
Девица
Ако сте се насочиле кон некоја посебна цел во кариерата, денес ќе добиете голема помош од планетите во исполнувањето на тоа. Пред вас е можност за дополнителна заработка, но нема да бидете сигурни дали сте на правиот пат. Вашата ментална енергија е силна па нема лесно да потфрлите. Очекувајте интересно изненадување.
Вага
Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Ќе добиете интересна порака.
Скорпија
Комуникацијата со вашите пријатели ќе биде одлична. Имате се што ви е потребно со цел јасно и искрено да се искажете без никој да се почувствува навреден. Работите кои ќе ги направите во друштво, ќе ви донесат резултати кои одамна ги посакувате. Можеби ќе треба да поминете подолго време на телефон или компјутер за да ги завршите сите обврски.
Стрелец
Утрото можеби нема да можете да се пофалите со одлично расположение, но како што поминува денот, така ќе настапуваат позитивни промени. Во првата половина од денот штедете си ја енергијата и чувајте ја за вечерта кога ве очекува вистинската забава. Одредена средба ќе ви докаже дека во вашиот живот има многу нешта за кои треба да прославите и да се радувате.
Јарец
Имате благопријатни аспекти на сите полиња кои се од голем интерес за вас, а тоа значи на полето на статусот, на полето на деловноста и професионалните активности, на полето на остварувањата. Уживајте во викендот кој следи, ова е поволен период за вас.
Водолија
Здружете ги своите деловни интереси со проверен тим, кој ветува успешна и долгорочна соработка. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Одморете се во текот на викендот кој следи, а понеделникот почнете го со нови сили.
Риби
Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања. Имате добра визија и важно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена за да ги остварите своите цели.
Текстот Дневен хороскоп за 24 ноември е превземен од Reporter.mk.