Дневен хороскоп за 24 септември

Овен

На љубовен план можно е да имате трема пред новиот работодавец. Ќе ви биде потребно време за да се опуштите на новото работно место. На љубовен план, денес е повлен ден и можете да очекувате дека ќе имате одличен однос со саканата личност. На здравствен план, ќе имате проблеми со болки во грбот.

Бик

На деловен план во текот на денот ќе имате голем број на обврски. Денешниот ден ќе ви биде напорен на ова поле. На љубовен план ве очекуваат позитивни промени. Ќе остварите и нови познанства. Ве очекува возбудлив ден на ова поле. На здравствен план, можен е пад на имунитетот.

 

Близнаци

На деловен план во текот на денот подгответе се за нови деловни потези кои во животот ќе ви донесат важни промени. На љубовен план, можно е да имате чести расправии и несогласувања со личноста за која имате силни чувства. Некое време ќе бидете разделени. На здравствено поле, очекувајте недостиг на енергија.

 

Рак

На деловен план денес ќе ви се отвори шанса за напредок. Полека ќе ги остварите позитивните промени на ова поле. На љубовен план, ќе поминете убави моменти со вашиот партнер, а тој ќе ужива во вниманието кое ќе му го посветите. Задоволни сте од тоа што сте успеале да остварите квалитетен и добар однос. На здравствен план имате психолошки проблеми.

 

Лав

На деловен план можно е да немате добра комуникација со колегите и тоа да ви претставува голема кочница на работното место. На љубовен план ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате со саканата личност. На здравствен план, имате чувствителна кожа.

Девица

На деловен план во вашето работно опкружување ќе има некои промени на кои нема да ви биде лесно брзо да се прилагодите. На љубовен план, саканата личност би можела да ви покаже дека е подготвена на компромис. На здравствен план, можни се проблеми со срцето.

 

Вага

На деловен план очекувајте во текот на денот да имате поголеми потешкотии и проблеми. Време е да се соочите со нив. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. На љубовен план кај вас ќе се јават дилеми, околу изборот на вистинската личност. На здравствен план со здравјето сè е во ред.

Шкорпија

На деловен план денес не е претерано поволен ден за работа. Би можеле да искрснат некои нови проблеми и компликации на работното место. На љубовен план, имате желба да ја освоите личноста која ви е драга и подготвени сте на кои било начин да го добиете нејзиното внимание. На здравствен план, избегнувајте го алкохолот и другите пороци.

 

Стрелец

На деловен план ве очекува поволен ден. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови случувања и активности. На љубовен план ќе остварите ново познанство. Ќе ви се отворат нови можности на ова поле. Подготвени сте за промени и нова љубов во вашиот живот. На здравствен план, сè е во ред.

Јарец

На деловен план очекувајте стабилизација на вашите финансии. Генерално ќе бидете задоволни од случувањата на деловното поле. На љубовен план ќе имате стабилна врска. Тоа ќе ви влее поголема самодоверба. Сепак ќе имате чувство дека нешто не е како што треба. На здравствен план, можни се проблеми со забите.

 

Водолија

На деловен план пожелно е денес да не носите никакви нови одлуки. Обидете се да бидете трпеливи со своите постапки. На љубовен план важно ви е да го дефинирате вашиот однос со партнерот. Можно е едноставно да не сакате сериозна и стабилна врска. Внимавајте на здравјето. Можно е да ве следи умор и постоајно да се поспани.

Риби

На деловен план ќе ви се случат голем број изнанедувања и активности. Во секој случај нема да ви биде досадно на работното место. На љубовен план можете да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интерес кон вас. На здравствен план сè  е во ред.

 

Текстот Дневен хороскоп за 24 септември е превземен од Reporter.mk.