Дневен хороскоп за 25 октомври

ОВЕН

Одлично се снаоѓате во работата и задоволни сте од вашите достигнувања. Наскоро може да следи награда за сработеното. Ве очкеува одличен период на полето на работа. Бидете отворени со вашиот партнер и ќе успеете да ја зацврстите врската. Внимавајте на здравјето и нервниот систем.

БИК

Сакате побрзо да ги решите проблемите кои ви се натрупале во изминатиот период. Максимално сте посветени на работа и немате многу време за дружење со пријателите. Вашиот партнер бара да му посветите повеќе време на него и семејството. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично и добро сте расположени.

БЛИЗНАЦИ

Сакате максимално да им се посветите на работните обврски и да ги импресионирате вашите шефови. Наскоро може да ви се оствари желбата да ве унапредат. Постои сериозна криза во врската со вашиот партнер. Обидете се смирено да разговарате и работите ќе си дојдат на свое место. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

РАК

Не носете ризични одлуки. Размислете двапати ако планирале да го смените работното место или да вложите пари во некој проект. Работите не се најсјајни кога станува збор за деловното поле. Повторно ќе влезете во врска со некоја љубов од минатото. Ќе ви се случат работи на кои не сте се надевале воопшто. Внимавајте на здравјето и поведете сметка за работата на срцето.

ЛАВ

Наскоро ќе ви се отвори можност и шанса за напредок. Искористете го моментот и покажете ги вашите способности и квалитети. Резултатите ќе дојдат сами по себе. Обидете се со смирен тон да ги решите сите неусогласувања кои ги имате со вашиот партнер и ќе успеете да ја зацврстите врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со вашиот желудник.

ДЕВИЦА

Сакате да направите некои промени на работа. Не сте задоволни од моменталната ситуација. Разговарајте заедно со колегите како да ги подобрите работите и не се обидувајте да влегувате во конфронтации. Заљубени сте и ќе направите сè што е во ваша моќ да ја освоите личноста која ве привлекува веќе подолго време. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со срцето.

ВАГА

Ќе успеете да се изборите за посакуваната позиција на работа. Финансиската состојба ви е идеална, а следува и подобрување. Можете да очекувате и убави заеднички моменти со вашиот партнер. За оние кои се сами, очекувајте наскоро почеток на врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

СКОРПИЈА

До вас ќе стигнат голем број понуди за нови работни места. Внимавајте во изборот, ако се одлучите да ја напуштите постоечката позиција во компанијата каде моментално работите. Очекувајте во текот на денот флерт со личност од вашето блиско деловно опкружување. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Во главата ви се вртат голем број идеи за почеток на нови проекти и нови соработки со други деловни партнери. Од големиот број обврски немате време да ги реализирате. Обидете се со помош на вашите колеги да го намалите притисокот на работа и да обезбедите доволно време и за одмор. Речиси да немате друштвен живот. Обидете се повеќе време да излегувате и да запознавате нови лица. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ЈАРЕЦ

Имате одлична комуникација и соработка со вашите колеги и претпоставени. Тие се задоволни од тоа како работите и наскоро може да ве изненадат со подобра позиција и плата. Ве очекуваат убави моменти на ова поле. Наскоро ќе запознаете личност со која ќе влезете во сериозна врска. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ВОДОЛИЈА

Ќе решите голем дел од проблемите кои веќе долг период ви нависуваат над глава. Конечно ќе можете да се ослободите од притисокот кои ви го прават вашите претпоставени. Ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале. Сакате поголем дел од времето да го поминете со неа. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на циркулацијата на крвта.

РИБИ

Сега е моментот за промена на работата. До вас ќе стигнат голем број на понуди за соработка, со многу подобри услови од сегашната позиција која ја имате. Ваше е само да одберете. Веќе подолго време во вас се јавува чувство на љубомора кон вашиот партнер. Немате многу доверба во него. Внимавајте на здравјето и зголемениот притисок.

Текстот Дневен хороскоп за 25 октомври е превземен од Reporter.mk.