Овен
Тешко ви е да се организирате на деловен план. Подгответе се за нови компликации на работното место. Потребно ви е да го подобрите односот со партнерот за да успеете да остварите мирна и хармонична состојба во врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвниот притисок.
Бик
Ве очекува период во кој ќе имате можност да остварите напредок на деловен план. Среќата е на ваша страна денес. Ќе се опуштите со саканата личност која ќе ви покаже дека е подготвена да направи сè само за да биде со вас. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.
Близнаци
Обидете се да се посветите во решавањето на деловните проблеми. Немојте да избегнувате нови одговорности. Доколку флертувате со личност која ви се допаѓа, вашиот однос може да напредува во наредниот период. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.
Рак
Нема да успеете да ги остварите вашите планови и ќе бидете разочарани поради тоа. Денешниот ден ви не неповолен за работа. Комуникацијата со саканата личност може да биде отежната, затоа што двајцата на некој начин сте инаетливи. Денес е поволен ден за одмор и опуштање. Со здравјето сè е во ред.
Лав
Можни се бројни компликации на деловен план во текот на денешниот ден. Ќе ви биде потребно време за да ги решите. Можно е да сте незадоволни од околностите во кои се наоѓате и да размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се главоболка и проблеми со стресот.
Девица
Си имате поставено високи цели кои нема да ви биде лесно да ги остварите. Ќе ви биде потребно време за да ги исполните вашите амбиции. Тешко ви е своите емоции да ги покажете сосема отворено. Ве очекува неповолен период на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.
Вага
Ќе се потпрете на своите деловни соработници и ќе се надевате дека некои нови работи ќе успеете да ги научите од нив. Можете да се надевате на поволен ден за љубов. Вашиот однос со саканата личност би можел значително да се поправи. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на калциум.
Скорпија
Искрено разговарајте со надредените за тоа што можете да очекувате во иднина од вашата работа. Можно е да настапила фаза на заладување на односите меѓу вас и саканата личност. Можете да се надевате на поволен период. Внимавајте на здравјето. Би ви годела диета.
Стрелец
Можно е да имате можност да остварите некои промени што сте ги посакувале на ова поле. Ве очекува добар период за работа. Ви се допаѓа личност со која сакате да влезете во сериозна врска. Обидете се да ѝ удоволите на нејзините барања. Внимавајте на здравјето и поведете сметка за холестеролот.
Јарец
Ве очекуваат помали проблеми на деловен план. Можно е да успеете да решите некои од нерешените работи од минатото. Несигурни сте во своите чувства и не сакате да му дадете на партнерот лажна надеж по повод некои работи. Внимавајте на здравјето и поведете сметка за можните инфекции.
Водолија
Очекувате многу од себе и се обидувате да ги исполните вашите желби и цели иако тоа не ви е понекогаш лесно. Сметате дека со саканата личност можете да имате стабилна и здрава врска. Внимавајте на здравјето. Поведете сметка на бубрезите.
Риби
Имате доста обврски пред себе. Можете да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде комплициран. Имате силни емоции кон вашиот партнер. Имате сериозни планови за него. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.
Текстот Дневен хороскоп за 26 август е превземен од Reporter.mk.