Дневен хороскоп за 26 февруари

ОВЕН 

Ќе успеете да ги стабилизирате односите на деловен план. Вашите финансии се стабилни и немате никакви причина за загриженост. На вашиот партнер покажете му дека имате сериозни планови за заедничка иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со бешиката.

БИК

Можете да очекувате мали проблеми во комуникацијата со вашите колеги. Многу од нив денес може да се свртат против вас. Ве интересира и интересен ден кога е во прашање љубовта. Очекувајте во текот на денот да остварите ново познанство. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Со работата сè е во најдобар ред. Нема да имате никакви проблеми во наредниот период и би било најдобро да не ризикувате на ова поле. Можете да се надевате на стабилен однос со вашиот партнер. Постојано се поддржувате и на некој начин се надополнувате едниот со другиот. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

РАК

Можете да очекувате убави моменти кога е во прашање работата. Ќе ги остварите сите планови и желби кои претходно сте ги имале. Наскоро ќе запознаете нова личност во вашите живот. Внимавајте на здравјето и почнете да се занимавате со спорт.

ЛАВ

Во наредниот период можете да очекувате промени кога е во прашање работата. Полека ќе мора да се соочите со компликациите кои доаѓаат. Доколку планирате патување во странство, бидете сигурни дека ќе запознаете нов додворувач. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.

ДЕВИЦА 

Работата не ви оди баш најдобро. Во наредниот период ќе имате некои недоумици на ова поле. Лесно ги покажувате чувствата и отворени сте кон личноста за која силно врзани. Таа ќе ви возврати со иста мера. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

ВАГА 

Можете да очекувате мали конфликти на работа. Денеот не е поволен за склопување  нови договори. Партнерот не е задоволен од ставот што го имате во однос со него и полека се оддалечуа од вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

СКОРПИЈА

Конечно ќе имате можност да направите целосен пресврт на работите и атмосферата на работа. Ќе ги затоплите односите со колегите и шефот и на крајот од денот ќе биде задоволен од исходот на завршената работа. Со партнерот не се согласувате добро. Имате доста кавги, несогласувања и расправии. Со здравјето сè е во ред.

СТРЕЛЕЦ

Премногу сте пасивни кога е во прашање работата и затоа не ви се случуваат премногу работи на ова поле. И понатаму сте разочарани од поранешната љубов и не ви е лесно да ги преболите случувањата од минатото. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.

ЈАРЕЦ

Можете да се надевате на добар резултат на работа и подобрување на атмосферата во деловното опкружување. Не ви се допаѓа ставот кој го има вашиот партнер. Ве оптоварува неговата љубомора. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на кашлица.

ВОДОЛИЈА 

Можно е да имате некои помали компликации во деловното опкружување и нема да се согласувате најдобро со соработниците. Потребно ви е малку повеќе време и внимание да поминете со вашиот партнер. Тој од вас очекува поголема сигурност. Внимавајте на здравјето и проблемите поврзани со стресот.

РИБИ

Ќе имате можност да ги промените работите кои не ви одговараат на работа. Доаѓа период на промени. Пред вас е поволен ден за нова љубов. Слободно покажете ги вашите чувства кон вашата симпатија. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со синусите.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 26 февруари е превземен од Reporter.mk.