Дневен хороскоп за 27 февруари

Овен

Очекувате многу од моменталната работа, но не ви е лесно да ги остварите сите очекувања кои ги имате. Можно е да сметате дека со саканата особа доаѓа до спротивставеност во начинот на размислување. Водете сметка за бубрезите.

Бик

Имате многу обврски, па неопходно е од рано изутрина да се посветите на обврските и да се организирате. Имате силни емоции кон саканата личност и подготвени сте на се да ја добиете најзината љубов. Пад на имунитетот.

Близнаци

Потрудете се максимумот на својата енергија да ја вложите во работата, а подоцна сето тоа добро ќе ви се исплати. Ве очекува интересно познанство кое би можело да донесе стабилна и трајна врска. Проверете ја диоптријата.

Рак

Се тече опуштено и без стрес на работа. Може да очекувате генерално поволен ден. Доколку сте во брак, ве очекуваат мали турбуленции со саканата особа, но се ќе успеете да решите. Водете сметка за стомакот.

Лав

Немате трпение, а тоа не е добро. Потребно е да пројде одредено време да видите адекватни резултати. Ве очекува поволен ден за нови познанства. Пред вас е шанса за љубов. Зголемете го внесот на витамини.

Девица

Потребен ви е совет затоа што не сте сигурни како да постапите. Обратете се кон вашиот соработник од доверба. Пред вас е можност да бирате со кој ќе бидете. Најдобро би било да го послушате вашето срце. Хронични тегоби.

Вага

Можете да постигнете значаен успех, иако моментално немате поддршка. Способни сте да напредувате сами. Саканата личност од вас бара повеќе да и се посветите, а вие моментално немате енергија. Проблеми со штитната жлезда.

Скорпија

Моментално сте во фаза во која ви доаѓаат некои интересни работи, но „ризични“. Сепак, би требало добро да размислите пред да се одлучите да се коцкате. Размислувате околу поранешната љубов, и не сте сигурни дали да направите некој чекор кон неа. Проверете ја крвната слика.

Стрелец 

Водете сметка околу тоа работните планови добро да ги анализирате, за некои работи да не ви побегнат. Поволен ден за љубовни промени. Може да очекувате љубовна понуда и прилика за флерт или врска. Можна е несоница.

Јарец

Соработниците од вас ќе бараат помош околу работата. Пред вас е ден во кој ќе бидете некому поддршка. Личноста која ви се допаѓа, ќе покаже дека сака повеќе од пријателство со вас. Мали проблеми со хормоните.

Водолија

Ве очекуваат драстични промени кои доаѓаат неочекувано. Ќе ви треба некое време да се навикнете. Ви се допаѓа личност која е зафатена или има некаков комплициран и недифиниран љубовен статус. Проблеми со грлото.

Риби

Чувствувате дека сте под голем притисок од страна на надредените, а тоа ви ја ремети концентрацијата. Прекумерните караници со саканата личност ви претставуваат одреден притисок. Можна е мигрена.

Текстот Дневен хороскоп за 27 февруари е превземен од Reporter.mk.