Дневен хороскоп за 27 ноември

ОВЕН

Ве чекаат голем број пресврти на полето на работа. Ќе имате многу компликации во односите со вашите колеги и шеф. Внимавајте како се однесувате и не паѓајте на провокации. Наскоро ќе имате можност да запознаете нова личност со која ќе сакате да влезете во љубовна врска. Станува збор за личност која е многу помлада од вас. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

БИК

Подгответе се за многу проблеми на полето на работа. Ве чекаат многу неизвесни моменти и обидете се да останете смирен во разговорите со колегите и шефот. Доаѓаат тешки моменти за вас и вашиот партнер. Сега е моментот кога треба да покажете колку ви значи. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Чувствувате дека сте изморен од големиот број обврски. Потребно ви е време за одмор. Дополнителен притисок ви создава шефот кој постојано ве притиска да ги извршите задачите навремено. Многу лесно се заљубувате, па наскоро очекувајте нова љубовна авантура. Внимавајте на здравјето и обидете се да бидете повеќе физички активни.

РАК 

Финансиската состојба полека ви се поправа. Задоволни сте од односот на работа со вашите колеги и шеф и воглавно од вашата работа. Сакате ваквата состојба да трае и во иднина. Односот со вашиот партнер полека ќе се промени. Обидете се низ разговор да ја зацврстите врската. Дознајте што да очекувате во иднина и како да ја подобрите состојбата. Внимавајте на здравјето и исхраната.

ЛАВ

Одложувањето на деловните обврски ќе доведе до големи компликации на ова поле. Ќе ви се нарушат односите со колегите и шефот, а ќе биде доведена во прашање и вашата позиција. Бракот ви минува низ криза, но не сте подготвени да се откажете од вашиот партнер. Сакате да направите обид за вашата заедница опстане. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

ДЕВИЦА

Ве очекува поволен период кога е во прашање работата. Наскоро очекувајте позитивни пресврти. Сега е моментот да го искористите целиот ваш потенцијал и да покажете што знаете и умеете. Вашиот шеф на крајот од месецот ќе го ценат тоа. Можно е да следи соодветна награда, поголема плата или унапредување. Задоволни сте од љубовниот статус и убаво ви е со партнерот. Ве очекуваат многу убави заеднички моменти. Горди сте на тоа што досега сте го постигнале на ова поле. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ВАГА

Подгответе се за големи промени на деловено поле. Време е да ги покажете вашите вештини за колегите и шефот видат како се снаоѓате и во тешки моменти. Обидете се да бидете смирен и полека ги решавате проблемите. Подготвени сте на саканата личност да и покажете колку ја сакате и колку ви е грижа за неа. Сакате целосно да се посветите да го подигнете вашиот однос на едно многу повисоко ниво. Внимавајте на здравјето и проблемите со грбот.

СКОРПИЈА

Постепено се ослободувате од големиот број обврски и притисок кој го имате на работа. Полека ги поправате и односите со вашиот шеф и колеги. Ситуацијата на работа се стабилизира. Задоволни сте од слободата која ја уживате на љубовен план. Не сте подготвени во овој момент за врска. Ви одговара да бидете сам уште некое време. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

СТРЕЛЕЦ

Загрижени сте на полето на работа. Постојано имате негативни мисли и стравови. Многу работи ве оптеретуваат, а најмногу стравувате за вашето работно место. Нарушен ви е односот со колегите и шефот. Полека се заладуваат и односите со вашиот партнер. Обидете се да бидете трпелив и да не паѓате на провокации и во иднина можеби ќе успеете да го спасите бракот или врската. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на урогениталниот тракт.

ЈАРЕЦ

На работа сакаат сите да почнат да ве сваќаат сериозно. Покажувате дека сте амбициозен и сакате да почнат да ве почитуваат за тоа. Немојте да се надевате на нова врска, затоа што сега не е погоден момент за тоа. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на камен или песок во бубрезите.

ВОДОЛИЈА 

Деловните обврски ви предизвикуваат многу стрес и не знаете како да се носите со таа ситуација. Се плашите од грешки и од можни санкции и казни. Не очајувајте, на крајот од денот работите ќе си дојдат на свое место. Не сте задоволни од состојбата на љубовно поле. Потребно ви е време да сватите што сакате во иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

РИБИ

Можете да се надевате дека денес ќе одморите од работа. Големиот број обврски во изминатиот период ве исцрпија и ви одземаа премногу енергија. Сметате дека заслужувате мала релаксација. Веќе некое време заљубени сте во личност, која исто така покажува дека има чувства кон вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 27 ноември е превземен од Reporter.mk.