Дневен хороскоп за 28 октомври

ОВЕН

Незавршените задачи ве прават нервозен и тоа дополнително го расипува односот со вашите колеги и претпоставени. Обидете се да бидете смирени и на мирен начин ги решите сите недоразбирања. Не влегувајте во непотребни конфликти. Во наредниот период ќе уживате во заедничките моменти со вашиот партнер. За оние кои се слободни големи се шансите да влезат во врска. Внимавајте на здравјето. Можно е да имате зголемен апетит.

БИК

Колегите и соработниците ќе ви бидат пречка на работа. Поради нив нема да можете да ги завршите работните обврски. Вашите претпоставени нема да бидат задоволни од таквата ситуација и целиот товар на работа ќе го префрлат на ваш грб. Обидете се да поминете повеќе време со вашиот партнер и поработете на подобрување на вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница и малаксаност.

БЛИЗНАЦИ

Ситуацијата на работа е тешка. Загрижени сте за вашето работно место. Односите со колегите стануваат се потешки и неподносливи. На крајот од денот средбата со вашиот партнер може да заврши со кавга или поголем конфликт. Работите не се поволни ниту на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и пробллемите со циркулацијата.

РАК

Ќе ги надминете сите пречки на работа и ќе успеете да го добиете посакуваното унапредување на кое чекате долго време. Сега е вистинското време да се соочите со вашите колеги и да ги решите сите проблеми и несогласувања кои ги имате. Ќе успеете да решите многу дилеми кои ги имате со вашиот партнер. Пред вас е фаза во која треба да донесете важни одлуки. Внимавајте на здравјето. Зголемете ја конзумацијата на магнезиум.

ЛАВ

Неодлучни сте во носењето одлуки на работа. Не ви е лесно кога треба да пресечете со вашите колеги. Се двоумите и воопшто дали сакате да продолжите да работите во компанијата во која моментално сте. Сакате да ставите крај и на врската со вашиот партнер. Тој или таа ќе направи сè што е во ваша моќ за да ве задржи. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вкочанетост.

ДЕВИЦА

Постепено ќе работите за да стигнете до вашата зацртана цел. Покачување на платата и подобро работно место во компанијата. Засега околностите се на ваша страна. Искористете го моментот и шансите кои ви се укажуваат да ги импресионирате вашите претпоставени. Не сте сигурни дали личноста кон која имате силни емоции, го чувствува исото што и вие. Нерешителноста прави само дополнителни тензии во вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте алкохол и мрсна храна.

ВАГА

Не ви е лесно да се снајдете на новото работно место во компанијата во која работите. Очекувајте голем број конфронтации и кавги со новите колеги. Комплицирано е и на љубовно поле. Очекувајте бурни моменти и со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.

СКОРПИЈА

Не сте задоволни од тоа како стојат работите со вашите колеги и претпоставени. Подготвени сте да го промените начинот на работа за работите ги вратите во нормала. За оние кои се во брак, сега е иделано време да ги поправите односите со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на кожата.

СТРЕЛЕЦ

Не ви е лесно во носењето на одлуки на работа. Имате впечаток дека колегите ве кочат и поради нив не можете да напредувате. Сеуште не сте доволно решителен и храбар да ѝ пристапите на личноста која ви се допаѓа веќе подолг период. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на желудникот.

ЈАРЕЦ

Сега не е моментот да влегувате во реализација на нови деловни проекти. Не се впуштајте во никакви ризични потези, затоа што може да изгорите. Ве очекува интересен ден на полето на љубовта. Ќе имате позитивна атмосфера со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да почнете да се занимавате со спорт.

ВОДОЛИЈА

Не ви е лесно да ги завршите сите ваши деловни обврски кои ве чекаат во текот на денот. Изморени сте од тоа постојано да се покажете во најдобро издание пред вашите колеги и претпоставени. На полето на љубовта работите се сјајни. Односот со вашиот партнер постојано ќе напредува во иднина. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

РИБИ

Неопходно е да работите на комуникацијата со вашето деловно опкружување, ако сакате да ги поправите односите со вашите колеги. Вашиот партнер ќе ви навести и ќе ви даде знаци за работите кои треба да ги смените за да ги подобрите и односите во вашиот брак или врска. Внимавајте на здравјето и вкочанетоста. Би ви годела масажа и опуштање.

 

Текстот Дневен хороскоп за 28 октомври е превземен од Reporter.mk.