Дневен хороскоп за 28 септември

Овен
Може да имате некое нервирање во предпладневните часови, но успешно ќе излезете на крај со ситуациите. Не ви е мило што мора да замолите некого за помош и тоа ќе го избегнувате до последниот момент. Не сте сигурни дали на саканата личност да ѝ се отворите по некои прашања. Засега некои работи ќе ги задржите за себе.

Бик
Малку променливи расположенија, па и вие еден момент ќе бидете активни, еден момент ќе се повлекувате. Иако ќе имате повремено свои „мрзливи моменти“ ќе успеете да го остварите она што сте го планирале, само за тоа ќе ви треба повеќе време. Едно ново познанство активира веднаш интересна приказна, но ќе ве активира и вас.

Близнаци
Денот е добар за приватни работи, семејни бизниси или за занимавање со некои лични приоритети. Имате потреба некои втемелени работи да ги промените, но и креативни решенија за ситуациите кои се пред вас. Не сте исполнети во емотивниот дел и можете да побарате утеха кај некој член на семејството или пријателите.

Рак
Некоја напнатост ќе биде само во претпладневните часови, веќе потоа ќе влегувате во еден одличен ден исполнет со шанси. Без разлика дали е деловен или емотивен сегмент, имате вистински зборови за личностите со кои доаѓате во контакт, искрени сте и го придобивате вниманието. Имате можности и за финансиска добивка.

Лав
Денес ви се првенствено финансиските приоритети на памет. Има можности за пари, или за барем за договорање работа која брзо ќе ви се исплати. Поставете се малку поодговорно кон личноста која ја сакате, во моментот немате доволно разбирање и вашите однесувања се променливи.

Девица
Ја имате целата поддршка која ви е потребна за да покренете некои прашања или деловни ситуации кои ве интересираат. Немате причина за нестрпливост, се се одвива точно по вашите планови. Во емотивниот дел ќе бидете свесни дека не можете да го остварите сето она што го сакате, барем не во овој момент.

Вага
Ќе пронајдете поддршка за ризичниот проект за кој размислувате. Атмосферата околу вас е толку динамична што не можете да се концентрирате на своите мисли. Емотивни сте и време е да си олесните на срцето и да направите некои конструктивни разговори со партнерот.

Скорпија
Денешниот ден ќе ве поттикне да ги занемарите обврските за да ги следите вашите желби и ќе се чувствувате прекрасно. Љубопитноста ќе ве одведе на место каде ќе бидете пресреќни. Ако сте сингл, голема е веројатноста да бидете шармирани од личност која отсекогаш сте ја познавале, но никогаш не сте ја гледале на романтичен начин.

Стрелец
Дискусија од минатиот месец сега ќе ви се појави пред очи преку некоја ситуација. Ќе сфатите дека блиската личност што ви даваше совети беше во право. Чувствувате тензија за сите прашања поврзани со пари. Романтичните разговори ќе ви го тргаат умот од проблемите.

Јарец
Не држете ништо во себе. Денес ќе имате потреба да си ја олесните душата, па кажете им на блиските како се чувствувате. Не можете да знаете кој ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Доколку нешто силно посакувате, искористете го вашиот шарм за да го добиете. Насмевката е вашето најмоќно средство за убедување.

Водолија
Немате проблем да ги заведете луѓето со вашата интелигенција. Добро погледнете се во огледалото и кажете си дека и вам ви е дозволено понекогаш да згрешите. Со партнерот имате сериозни планови за иднината и среќата ќе ве послужи во реализирањето на истите.

Риби
Вашите идеи се важни и заслужуваат да бидат реализирани, но за тоа денес ќе ви бидат потребни други личности кои ги имаат потребните ресурси. Не се плашете да формирате деловно партнерство, но секогаш имајте го договореното на хартија. Случаен разговор со лице од спротивниот пол ќе премине во нешто многу поголемо.

Текстот Дневен хороскоп за 28 септември е превземен од Reporter.mk.