Дневен хороскоп за 28 септември

Овен

На работен план работите се одвиваат како подмачкани. До крајот на денот ќе ги завршите вашите планови. Во љубовта работите не ви стојат најсајно. Не сте сигурни во чувствата на вашиот партнер. Со здравјето сè е во ред. Можни се мали проблеми со мускулатурата, но овој проблем може да се реши со кратка прошетка.

Бик

Во текот на денешниот ден постојано ќе имате кавги со вашите соработници. Работите не се сјајни на деловен план. Подготвени сте да ги покажете искрените чувства на вашиот партнер. На љубовно поле работите се подобруваат. Ќе успеете да го стабилизирате емотивниот однос. Со здравјето сè е во ред.

Близнаци

 

Доаѓа период на подобрување на финансиите. Ве очекува период во кој ќе ви бидат понудени нови можности за работа. На деловен план работите се речиси идеални. Имате проблеми со љубомората, а наредниот период работите ќе се влошуваат. На љубовен план сте очајни. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

 

Рак

Немате доволно доверба во личноста со која соработувате. Размислувате да ја промените работата. Работите можеби во моментов не се најсајни на деловен план, но следување подобрување. Ќе му се посветите целосно на вашиот партнер. Нема да имате никакви проблеми на љубовен план. Што се однесува до здравјето, можни се проблеми со циркулацијата на крвта. Посетете лекар.

 

Лав

На работа очекувајте помош од личност која е блиска до вас. Пред вас е фаза на деловни промени. На љубовен план преку пријател ќе запознаете личност со која ќе влезете во сериозна врска. Со здравјето генерално сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

Девица

Среќата ќе ви се насмевне кога се однесува на работата. Ќе успеете да решите некои важни проблеми на овој план. На љубовен план ве очекува бурен период. Ќе запознаете нова личност со која ќе влезете во сериозна врска. На здравствен план работите не се сјајни. Поведете сметка на вашето срце.

 

Вага

Не сте задоволни од тоа каква е ситуацијата на работа. Ќе се обидете да го промените бизнисот и да ги подобрите финансиите. Пред вас е поволен период за водење љубов и остварување нови познанства. Очекувајте во текот на денот многу нови разговори и флертувања. Имате проблеми со здравјето. Поведете сметка на срцето.

Шкорпија

Денес не е претерано поволен ден што се однесува до вашата работа. Обидете се да изнајдете решенија и да ја подобрите вашата финансиска состојба. На љубовен план, време е да се соочите со грешките од минатото. Ве очекува период во кој ќе се соочите со поранешните партнери. На здравствен план, можни се проблеми со стомакот.

 

Стрелец

Подготвени сте за важни чекори кога е во прашање работата. Сакате да остварите промени на овој план. Ве очекува добра атмосфера во односот со саканата личност. Постојано си дава поддршка и љубов. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на синусите.

Јарец

Максимално сте посветени на работата и можете да очекувате дека ќе успеете да остварите добри промени на овој план. Доколку ви се допаѓа некоја личност од минатото, сега е вистинскиот момент да ѝ ги покажете вашите искрени чувства. На здравствен план, поведете сметка на штитната жлезда.

 

Водолија

Изморени сте на работа. Ви недостига енергија за да успеете да се насочите во вистински правец. Почнувате да размислувате за прекин на врската со личност во која повеќе немате доверба. Поведете сметка на здравјето. Можни е појава на психоматски тегоби.

 

Риби

Ќе ви биде потребно време да успеете да ги решите сите проблеми на работното поле. Вашиот партнер сака да ви ги покаже искрено чувствата кои ги има за вас и да ви ја докаже љубовта. Можни се проблеми со здравјето. Препорачливо е да посетите лекар.

 

Текстот Дневен хороскоп за 28 септември е превземен од Reporter.mk.