Дневен хороскоп за 3 декември

ОВЕН

Сакате да ризикувате кога е во прашање работата. Сепак, во периодот што следува морате да внимавате на чекорите на кои ќе се одлучите. Некои потези можат да ве чинат работно место. Ви се допаѓа личност која на прв поглед ви делува дека се дистанцира од вас. Бидете поуперен и кога подобро ќе се запознаете, ќе успеете да го промените нејзиниот став кој го има за вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БИК

Следува период на големи промени кога е во прашање работата. Морате да бидете подготвени за секоја ситуација. Обидете се да останете смирен и мирно да ги решавате сите предизвици што ве очекуваат. Не ви се допаѓа атмосферата во вашиот брак и размислувате да се разделите од вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

БЛИЗНАЦИ

Во наредниот период ќе имате потешкотии во извршувањето на вашите работни задачи. Сепак, со помош на вашите соработници и колеги ќе успеете во остварувањето на зацртаните цели. Вашите шефови и претпоставени ќе бидат импресионирани од вашите труд и пожртвуваност. Ќе се запознаете со личност која во блиска иднина би можеле да влезете во долготрајна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со кашлањето.

РАК 

Ве чекаат глеми промени на полето на работа. На вас е да го искористите моментот и да го покажете целиот ваш потенцијал. Финансиите значително ќе ви се подобрат. На полето на љубовта, ве чека период со многу неизвесности. За некои промени во бракот и врската не сте подготвени, но низ разговор со партнерот ќе успеете да ги надминете сите пречки. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.

ЛАВ

Доаѓа период на голем број предизвици и неизвесности на полето на работа. Со малку повеќе труд и енергија ќе успеете да ги надминете сите пречки. На крајот ќе бидете и соодветно награден за одлично завршената работа. Чувствувате дека потребен ви е партнер кој ќе ви даде целосна поддршка и во емотивна и секаква смисла. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни гласни жици.

ДЕВИЦА

Во текот на денешниот ден ве очекуваат многу непријатни моменти со вашите колеги и соработници. Обидете се да останете смирен и да не паѓате на провокации. Денес е поволен ден за водење љубов. Можете да очекувате средба со личност со која ќе развиете силни чувства и со која ќе сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. Внимавајте на здравјето. Редовно јадете и пијте доволно течности.

ВАГА

Денес е период на големи промени. Неизвесноста ви годи и склони сте да преземете одредени ризици. Нема да погрешните. Искористете го моментот и поволниот период на полето на работа. Може да очекувате во текот на денот дека ќе остварите комуникација и ќе се запознаете со личност со која ќе сакате во иднина да бидете заедно. Внимавајте на здравјето и лошата циркулација во пределот на нозете.

СКОРПИЈА

Ве очекува важен разговор во кој ќе ви биде дадена примамлива понуда за нова работа или нов деловен проект. Ѕвездите ви се наклонети на полето на работа, а на вас е да ја искористите шансата што ви е понудена. Ќе остварите ново познанство со личност од кругот на вашите пријатели. Ќе ви изгледа интересно и ќе сакате да се обидете да влезете во љубовна врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Не сте сигурни во кои правец ќе се одвиваат работите на работа. Неизвесноста ве вознемирува и чувствувате страв дека ви е загрозено работното место. Личноста која ви се допаѓа се однесува прилично некултурно кон вас. Не сте сигурен како да се поставите во иднина кон неа. Внимавајте на здравјето и проблемите со вкочанетоста во грбот.

ЈАРЕЦ

Ве чека поволен период на работа. Оние кои се без никаков ангажман, може да се надеваат дека во наредниот период ќе најдат работа која ќе им биде соодветна за нивните вештини. Можете да се надевате и на необврзувачка авантура со личност која ќе донесе големи промени во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и намалете со алкохолот.

ВОДОЛИЈА 

Ќе успеете да се надминете себеси и да ги остварите потцртаните цели. Следува поволен период за вас, кога е во прашање работата. Потребно е да разговарате со вашиот партнер и да му ги кажете вашите планови што ги имате за во иднина. Подготвени сте за брак, но не сте сигурни дали и двајцата сте подготвени за тоа. Внимавајте на здравјето и проблемите со стресот.

РИБИ

Ве очекува позитивен ден на работа. Следува период во кој ќе научите многу од вашите колеги, соработници и претпоставени. Искористете го нивното знаење во извршувањето на вашите задачи и на крајот ќе успеете да го добиете и посакуваното унапредување и поголема плата. Нарушениот однос со вашиот партнер во наредниот период значително ќе се поправи. Внимавајте на здравјето. Склони сте на алергии.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 3 декември е превземен од Reporter.mk.