ОВЕН
Ве очекуваат важни случувања на полето на работа. Можете да се надевате на позитивни околности на ова поле. Не сте сигурни во кој правец треба да се движи вашиот однос со партнерот. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вкочанетост во пределот на рамењата и вратот.
БИК
Очекувајте пресврти на полето на работа. Нестабилната ситуација на ова поле, може да ви донесе чувство на вознемиреност. Ќе имате и можност да се запознаете со некоја личност која ќе ви покаже дека е подготвена за сериозна врска со вас. Со здравјет сè е во ред. Немате никакви проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате можност да ја исполните вашата желба и да најдете ново работно место. Вашите чести кавги со партнерот прават несигурност во вашата врска. Сакате да ставите крај на сето тоа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со притисокот.
РАК
Максимално сте посветени на работата и подготвени сте на ова поле да остварите одлични резултати. Со вашиот партнер имате многу заеднички работи. Секогаш и двајцата сте подготвени за нови авантури. Внимавајте на здравјето и проблемите со главоболката.
ЛАВ
Ќе имате многу работа во текот на денот. Не ви е лесно секогаш да превземете одговорност за некои работи. Можни се недоразбирања со вашиот партнер. Кај двајцата надвладува чувството на љубомора. Вашиот партнер нема доволно доверба во вас. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Соработката со странство на деловен план би можела да ви донесе добри резултати. Пред вас се интересни случувања во односот со вашиот партнер. Ако сте слободни, очекувајте наскоро ново познанство. Со здравјето сè е во ред. Немате никкави проблеми.
ВАГА
Сметате дека е потребно да се вложи повеќе труд и сериозност за да ги решите сите проблеми на работа. Ќе имате чести расправии и се поголеми проблеми во односот со вашиот партнер. Незадоволството кај двајцата излегува на површина. Со здравјето сè е во ред. Немате поголеми проблеми.
СКОРПИЈА
Ќе направите сè што е во ваша моќ за да ги подобрите работите на деловен план. Доколку сте подготвени да се промените, односот со вашиот партнер ќе трае подолго. Внимавајте на здравјео. Обидете се да ги избегнувате цигарите и димот.
СТРЕЛЕЦ
Не очекувајте поголеми промени кога станува збор за работата. Ситуацијата на долг период би требало да ви биде стабилна. Подготвени сте да му покажете на вашиот партнер што искрено чувствувате за него и какви ви се плановите за во иднина. Внимавајте на здравјето. На вашата кожа и е потребна нега.
ЈАРЕЦ
Одлично се носите со проблемите на работа. Посветени сте на остварување на вашите цели и немате намера да се откажете. Нема никакви знаци за промени кога е во прашање врската со партнерот. Имате впечаток дека на долги патеки стоите во место. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на минлива главоболка.
ВОДОЛИЈА
Можете да се надевате на позитивни случувања или некаков нов деловен состанок кој на крајот добро ќе заврши пза вас. Ќе остварите средба со личност која ви се допаѓа веќе некое време. Наскоро ќе имате можност за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.
РИБИ
Време е да превземете одговорност за работите за кои самите сте ги направиле и да се позанимавате со деловните проблеми. Импулсно реагирате во комуникацијата со партнерот и лесно влегувате во нови кавги и расправии. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.
Текстот Дневен хороскоп за 3 март е превземен од Reporter.mk.