ОВЕН
Во наредниот период ќе имате идеална можност да дојдете до поголема заработувачка. Пред вас е период во кој целосно ќе ѝ се посветите на работата. И во љубовта работите стојат идеално. Пред вас е поволен ден за нови познанства. Можете да очекувате дека ќе успеете да го освоите срцето на некоја нова личност. Внимавајте на здравјето. Вкочанетоста може да ви предизвика помали здравствени проблеми.
БИК
Во наредниот период ќе остварите успех на полето на работа. И вие и вашите колеги и претпоставени ќе бидете задоволни од напредокот на вашата компанија. На љубовно поле, не очекувајте премногу од вашиот партнер. Веројатно не е во можност да ви го пружи сето тоа што вие го посакувате. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со циркулацијата.
БЛИЗНАЦИ
Во текот на денот ќе успеете да решите поголем дел од проблемите кои ги имате на работа. Верувајте во себе и вашите способности и ќе стигнете далеку. Морате да посветите повеќе внимание на комуникацијата со вашиот партнер. Во наредниот период голем дел од проблемите можат да избијат на површина. Внимавајте на здравјето и одморајте повеќе.
РАК
Ќе бидете многу задоволни доколку ги прифатите условите за новата работа. И самите чувствувате дека дојдено е време за промени на ова поле. Ве очекуваат позитивни искуства на полето на љубовта. Очекувајте напредок во остварувањето на нова врска. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично во вашата кожа.
ЛАВ
Прилично сте нервозни и личната несигурност ви станува најголем непријател. Важно ви е да поработите на самопочитта. Доколку сте слободни, ве очекува ново познанство со личност која за вас ќе има кокретна понуда. Внимавајте на здравјето. Ве следат хронични проблеми.
ДЕВИЦА
Заземете став за некои работи во кои верувате дека се исправни. Време е да застанете зад вашите принципи и да не се откажувате од нив. Време е на личноста која ви се допаѓа да и ги признаете своите најдлабоки чувства. Пред вас е поволен период за љубов. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.
ВАГА
Ве очекува период во кој работите може да се комплицираат. Очекувајте многу нови проблеми на полето на работа. Успешно ќе ги надминете сите конфликти кои ги имате со вашиот партнер. Вашата врска ќе стане уште поцврста. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со стомакот.
СКОРПИЈА
Патувањето кое сте го планирале, може да ви донесе многу позитивни промени. Во наредниот период очекувајте нови деловни соработки. Можно е и ново љубовно познанство. Ако веќе имате партнер, посакувате да воведете некоја иновација во вашата врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.
СТРЕЛЕЦ
И покрај можноста за дополнителна заработка, сепак финансиските проблеми и натаму ве тиштат. Очекувајте проблеми на полето на работа. Ве очекува и интересно познанство кое во вас ќе разбуди силни емоции. Подгответе се за врска. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на тегоби, поврзани за грлото.
ЈАРЕЦ
Во наредниот период ќе имате можност да решите голем дел од проблемите кои сте ги имале во минатото. Пред вас е период во кој судбината ќе биде на ваша страна. Вашиот партнер ќе ви покаже дека сака да ви удоволи во сите работи во врската. Ќе бидете среќни, задоволни и исполнети на љубовно поле. Внимавајте на здравјето. Склони сте кон дебелеењето.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува перид во кој ќе имате голем број на деловни дилеми. Важно е добро да ги анализирате работите, пред да се одлучите за наредниот чекор. Заљубени сте во личност, која по многу прашања е сосема поинаква од вас. Во вашиот случај, спротивностите се привлекуваат. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на очите.
РИБИ
Во наредниот период ќе добиете голем број нови идеи кои ќе бидат значајни за вашата кариера. Ви се допаѓа личност која за жал живее далеку од вас и врската во далечина во наредниот период ќе ви падне тешка. Внимавајте на здравјето. Во текот на денот ќе бдиете склони на депресија.
Текстот Дневен хороскоп за 30 декември е превземен од Reporter.mk.