Дневен хороскоп за 4 декември

ОВЕН

Ве чекаат кризни моменти на работа. Подгответе се за многу расправии со колегите. Оставете вашите соработници самите да го покажат вашето вистинско лице кое го имаат кон вас и не паѓајте на провокации. Постојаните грешки кои ги правите во врската со вашиот партнер прават вашиот однос полека да влегува во криза. Внимавајте на здравјето и вкочанетоста во пределот на вратот.

БИК

Ќе остварите голем успех на полето на работа. Следува период во кој ќе бидете задоволни од сработеното. На крајот ќе бидете и соодветно наградени за вашиот труд. Потребно е да направите компромис кога станува збор за односот со вашиот партнер. На компромисите се темели среќната врска. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на енергијата.

БЛИЗНАЦИ

Немате дволно трпение кога се во прашање решавањето на деловните проблеми. Постојано правите нови грешки. Обидете се да поработите на концентрацијата. Разговарајте со вашиот партнер кој во последниот период покажува дека не е задоволен од вашиот однос. Внимавајте на здравјето и проблемите со уринарниот тракт.

 

РАК 

Ќе успеете да решите голем број од проблемите што ве мачеле во изминатиот период на работа. Ќе ги подобрите и односите со вашите колеги и претпоставени. Ќе уживате во романтична атмосфера со вашиот партнер. Наскоро ќе правите важни планови за заедницата. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.

ЛАВ

Сега е моментот да ги покажете вашите вештини и знаење. Искористете ја шансата и нема да погрешите. На крајот вашиот шеф ќе го цени вашето залагање и соодветно ќе ве награди. Одлично се согласувате со вашиот партнер. За оние слободните, денес е денот за флертување. Внимавајте на здравјето. Потребна ви е поголема физичка активност.

ДЕВИЦА

Бидете подготвени за неочекувани трошоци. Со вистинска организација можете да се надевате на позитивни решавања на проблемите. Не сте задоволни од љубовната врска во која се наоѓате и размислувате да раскинете. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.

 

ВАГА

Задоволни сте од тоа како се одвиваат работите на работа. Сè оди во ваш прилог. Задоволни сте и од статусот што го имате на работа и финансиите. Сакате и подготвени сте да влезете во сериозна врска. Подготвени сте максимално да се посветите на овој пат. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервозата и стресот.

 

СКОРПИЈА

Не сте успеале да ги исполните дадените ветувања кон вашите соработници па можете да очекувате соодветни последици поради вашата несериозност. Нема поголеми проблеми на љубовното поле. Ве очекува фаза во која ќе се досадувате. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на холестеролот.

СТРЕЛЕЦ

На полето на работа не би требале да имате поголеми проблеми и причини за грижа. Работите се одвиваат според планираното. Ви се допаѓа личност со која неодамна сте почнале да се гледате. Имате впечаток дека таа претставува сето тоа во кое вие сте верувале. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на респираторна инфекција.

 

ЈАРЕЦ

Можете да се надевате дека во скоро време ќе успеете да се вработите на место на кое ќе можете да останете подолго време. Ве очекува ново познанство со личност со која ќе сакате да го минете остатокот од вашиот живот. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

 

ВОДОЛИЈА 

Може да се надевате дека ќе имате можност да почнете со нова работа со своите соработници и пријатели. Ве чекаат позитивни моменти на ова поле. Ви се допаѓа личност со која во моментов имате само пријателски однос. Внимавајте на здравјето и можниот пад на имунитетот.

 

РИБИ

Ве очекува поволен период за работа. Ќе успеете да решите голем дел од проблемите кои сте ги имале во минатото. Можете да се надевате на ново познанство и врска со личност која на почетокот ќе ви влее мала несигурност. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

 

Текстот Дневен хороскоп за 4 декември е превземен од Reporter.mk.