ОВЕН
Очекувајте пресврти на работното место. Ѕвездите ви се наклонети и факторот среќа и тоа како ќе ве погоди. Можете да се надевате на позитивни работи на ова поле. Ви се допаѓа личност која ќе ви покаже дека сака да флертува со вас. Ве очекува поволен период за љубов. Со здравјето сè е во ред. Имате вишок енергија.
БИК
Подготвени сте за промените кои ве очекуваат на работа. Сакате да ја подобрите вашата состоба и сега е идеален момент за тоа. Чувствувате љубомора кон партнерот и тоа е нешто кое ќе ви наштети во врската. Обидете се да разговарате смирено и проблемите ги решите на мирен начин. Внимавајте на здравјето и намалете го стресот.
БЛИЗНАЦИ
Ве чекаат голем број на обврски во текот на денот. Ќе имате прилично напорен ден. Поради честите расправии со вашиот партнер, сè потешко доаѓате до некаков компромис. Чувствувате дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.
РАК
Во текот на денешниот ден можете да се опуштте и малку да одморите од работа. Посветете се на некои други работи. Доколку сте слободни, очекувајте средба со некоја привлечна личност. Внимавајте на здравјето и проблемите со аритмијата.
ЛАВ
Ќе имате силна поддршка од колегите на работа. Со помош на соработниците ќе ги подобрите работите на ова поле. Подготвени сте да влезете во нова врска. Веќе ги имате надминато разочарувањата од минатото. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично и немате никакви проблеми.
ДЕВИЦА
Размислувате за промени на полето на работа. Сеуште не сте подготвени да ги реализирате вашите замисли и планови, но полека врвите кон целта. Подгответе се за средба со некоја личност кон која сте имале силни чувства во минатото. Можна е повторна врска во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и проблемите со респираторните органи.
ВАГА
Работите се одвиваат прилично мазно кога станува збор за работата. Ги држите работите под контрола и ве очекуваат само убави моменти. Пред вас е одлична фаза и на полето на љубовта. Можете да очекувате многу убави моменти со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.
СКОРПИЈА
Пред вас е поволен ден кгоа станува збор за работата. Ќе успеете да ги остварите сите ваши планови и замисли. Ќе запознаете личност која ќе ви одговара на вашиот карактер и со која ќе сакате да имате и нешто повеќе од пријателство. Внимавајте на здравјето и засилете го вашиот имунитет.
СТРЕЛЕЦ
Доколку имате во план да земете слободен ден и да му се посветите на вашето семејство или хоби, направете го тоа. Искористете го до максимум слободното време. Можно е некое старо познанство или средба со стар пријател во моментите кога најмалку очекувате. Бидете подготвени за нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.
ЈАРЕЦ
Се обидувате да најдете работа која ќе биде соодветна за вашите способности. Засега немате многу успех во изборот, но и нема многу добри понуди. Ќе уживате во моментите поминати со вашиот партнер. Можете да се надеват на поволен период кога станува збор за љубовта. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
ВОДОЛИЈА
Ве чека кратко бизнис патување кое ќе се покаже како исклучително важно за напредокот во вашата кариера. Подгответе се за важни контакти и промени на работното место. За оние кои се слободни, може да се надеваат на ново познанство, кое подоцна ќе се претвори во врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.
РИБИ
Во наредниот период можете да се надевате на поголема заработка. На полето на работа, работите генерално ви се идеални. Се подобруваат од минута во минута. Доаѓа и стабилизација на љубовно поле. За оние слободните, ќе успеат да влезат во врска со личност од минатото, кон која имале силни чувства. Со здравјето сè е во ред.
Текстот Дневен хороскоп за 4 јануари е превземен од Reporter.mk.