Дневен хороскоп за 5 декември

ОВЕН

Ве чекаат многу неизвесности на полето на работа. Но, на крајот од денот ќе успеете да се соочите со сите проблеми и да ги решите на позитивен начин. Ќе се запознаете со личност во која многу брзо ќе се заљубите. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

БИК

Потребно ви е време за да се одлучите по некои прашања кои сметате дека ќе бидат клучни за вашата иднина. Ве чекаат многу неизвесности на деловен план. Не сте задоволни од вашата врска или брак. Сметате дека е дојдено време за промени. Не се чувствувате доволно сакани и почитувани. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

БЛИЗНАЦИ

Можете да се надевате на позитивни пресврти кога е во прашање работата. Задоволни сте од односот кои го имате со вашите колеги и шефови. Финансиската состојба ви е стабилна и немате причина за никакви грижи на овој план. Ве очекува интересен разговор со вашата симпатија. Наскоро ќе имате шанса за подобро да се запознаете. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата на крвта.

РАК 

На полето н работа ќе имате мали проблеми во текот на денот. Не очајувајте и обидете се целосно да им се посветите на вашите обврски. Ве очекува период во кој ќе имате многу емотивни дилеми. Проблемите кои ги имате со вашиот партнер постојано ви создаваат притисок и не знаете како да се поставите во иднина. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на настинка.

ЛАВ

Почнувате да размислувате за промена на работното место. Сакате поорганизирана и компанија во која ќе можете да го покажете целиот ваш потенцијал. Денес ќе бидете доста емотивни и често ќе влегувате во расправии со вашиот партнер. Обидете се да останете смирен и да не паѓате на провокации. Внимавајте на здравјето и проблемите со штитната жлезда.

ДЕВИЦА

Не сте доволно сконцентрирани на својата работа. Не ви е лесно да се фокусирате на зададените задачи. Ве очекува тежок ден на работа. Вашиот партнер ве има повредено и сега немате сили за да му простите. Чувствувате дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

ВАГА

Амбицирани сте и сакате максимално да се покажете пред вашите колеги и соработници на работното место. Чувствувате дека сега е моментот да го покажете вашиот капацитет и конечно да стигнете до долгопосакуваното унапредување и место со поголема плата. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена повеќе да се посвети на врската, за разлика од вашиот претходен партнер. Внимавајте на здравјето. Уморен сте и потребен ви е одмор.

СКОРПИЈА

Пред вас е поволен ден за работа. Чувствувате дека можете да направите многу корисни и важни промени кои ќе ја подобрат состојбата на работење на компанијата во која работите. Поранешниот партнер ќе се обиде да стапи во контакт со вас и да ви се врати во животот. Сепак кај вас и понатаму владее незаинтересираност за оваа врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.

СТРЕЛЕЦ

Можни се многу недоразбирања на деловно поле со вашите колеги и соработници. Очекувајте многу кавги и расправии, но не дозволувајте да паѓате на ниски провокации. На крајот од денот работите ќе се средат самите од себе. Ви се допаѓа личност која е во странство и со која не можете во блиско време да бидете заедно. Внимавајте на здравјето и пожелно е да посетите стоматолог.

ЈАРЕЦ

По подолг период ќе успеете да ги остварите вашите планови. Колегите ќе се обидат да ви направат мали сопки, но не дозволувајте да влегувате во непотребни расправии и кавги. Не сте задоволни од вашиот љубовен живот. Самотијата ви пречи и сакате промени на ова поле. Чувствувате дека ви е потребен некој со кого би сакале да го минете вашиот живот. Внимавајте на здравјето и намалете со консумацијата на мрсна храна.

ВОДОЛИЈА 

Сега е поволен период за да смислите стратегија со која ќе ги подобрите работите во вашето работење. Доаѓа период на позитивни промени и на вас останува да го искористите моментот за да покажете што знаете и умеете пред вашите колеги и шефови. Проблемите кои ги имате со вашиот партнер сè уште тлеат. Не сте подготвени за какви било компромиси на ова поле. Внимавајте на здравјето. Подложни сте на здравствени проблеми, затоа што сте премногу чувствителни и нарушен ви е имунитетот.

РИБИ

Време е да почнете да размислувате на полето на работа посериозно. Сега е моментот кога треба да преземете поголема одговорност а вашите дела. Тоа го очекуваат од вас и вашите колеги и шеф. Односот со вашиот партнер би можел да биде нарушен поради некои мешања кои ќе се случат од надворешни лица. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.

 

Текстот Дневен хороскоп за 5 декември е превземен од Reporter.mk.