Овен
Во очекување сте да слушнете нови вести кои се значајни за вас на работното место. Без нови информации, не можете да продолжите со работата во вистинскиот правец. Можно е да ви се укаже можност да се посветите на личност до која ви е грижа и таа ќе ви возврати на ист емотивен начин. Со здравјето сè е во ред.
Бик
Важно е да имате доволно трпение за работата ја одработите до крај. Време е да се посветите на работата без никакви пречки. Можно е да се дистанцирате од саканата личност на одреден период. Вашиот однос од ден во ден е се полош. Внимавајте на здравјето. Можни е да се појават хронични проблеми.
Близнаци
Вашиот деловен партнер е личност на која можете да се потпрете. Пред вас генерално е добар ден за работа. Прилично сте сомнителни и љубоморни, а се што саканата личност ќе каже го ставате под знак прашалник. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со забите.
Рак
Можно е во наредниот период да се борите за подобра позиција на работното поле. Доста од работите веќе имате постигнато за напредување, а сега ви недостига само признанието и титулата. Размислувате за заеднички живот со саканата личност. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.
Лав
Ако останете доволно сконцентрирани на деловните задачи кои ги имате, ќе успеете да остварите добра состојба на ова поле. Ќе успеете да остварите контакт со симпатијата, а можете да очекувате и дека ќе бидете среќни во вашата нова врска. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги сите пороци.
Девица
Ако не сте подготвени да се посветите на работата, очекувајте да имате последици. Можно е работите да не се одвиваат онака како ќе посакате. Можеби несвесно ќе го повредите партнерот или ќе направите некоја грешка која не може лесно да ви се прости. Внимавајте на здравјето. Обидете се да се одморите и опуштите.
Вага
Немојте премногу да се оптеретите со туѓите проблеми и работи. Важно е да се фокусирате на сопствените приоритети. Обидете се со саканата личност да бидете искрени и да градите однос во кој ќе имате доста доверба. Со здравјето сè е во ред.
Шкорпија
Пред вас е добра фаза за работа. Ќе имате можност да остварите подобрување на овој план. Можно е да ви се случи почетокот на љубовната врска од која ќе бидете задоволни. Ќе се заљубите иако такво нешто сте немале во план. Ова е поволен период за опоравување.
Стрелец
Пред вас е период во кој ќе имате компликации на полето на работа. Важно е да се држите до својот позитивен начин на размислување. Ако превземете иницијатива за да ја освоите личноста до која ви е грижа, ќе успеете во тоа. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со синусите.
Јарец
Пред вас е позитивен ден. Работата ќе ви оди од рака, без поголеми проблеми и компликации. Неопходно е да го промените пристапот во комуникацијата со саканата личност, ако сакате вашиот однос да се подобри во иднина. Внимавајте на здравјето. Склони сте на депресија.
Водолија
Може да очекувате дека во наредниот период ќе ги остварите вашите цели и дека ќе бидете задоволни од деловната ситуација. Обидете се со саканата личност да дојдете до одреден компромис. Ако сакате вашиот однос да опстане, прилагодувањето е многу важно. Внимавајте на здравјето и чувајте се од потешки повреди.
Риби
Постојано сте напнати и својата тензија ја пренесувате на вашите соработници. Пред вас е период кој може да ви донесе проблеми. Подготвени сте на саканата личност да и ги покажете вашите намери. Правите заеднички планови за иднината и возбудени сте поради тоа. Внимавајте на здравјето и најдете време за одмор.
Текстот Дневен хороскоп за 6 јули е превземен од Reporter.mk.