Овен
Потребно е да покажете дека сте подготвени да се посветите на работата и во исправањето на некои од грешките. Во повеќе наврати сте останале разочарани од саканата личност, но ќе продолжите да и давате нови шанси. Денес е ден кога би ви годела малку рекреација.
Бик
Денеска е поволен ден да направите успех на работното место. Обидете се да ги искористите укажаните можности. Можеби ќе ви биде тешко да се опуштите пред саканата личност, поради тоа што ве мачи некаков вид на несигурност. На здравствено поле можна е појава на хронични болести.
Близнаци
Максимално сте посветени на остварување на добри резултати на деловно поле. Можно е со вашиот партнер да имате мали несогласувања и проблеми за исти работи. Можно е да имате проблем со вашите очи.
Рак
Кога е во прашање бизнисот работите се одвиваат во посакуван правец. Што се однесува до љубовта лошо реагирате на секоја критика на вашиот партнер и постојано ја покажувате вашата чувствителна страна. Неопходна ви е поголема физичка активност.
Лав
Доколку сте поврзани со работа, која опфаќа голем број луѓе, тогаш ве очекуваат убави моменти во текот на денот. Самите направете иницијатива и остварите познанство со некоја личност. Немојте да бидете пасивни. Можна е појава на проблеми со вашите заби.
Девица
Денес на работа можеби ќе имате накои непредвидливи трошоци, но на подолги патеки нема никакви знаци за проблеми. Можно е за некои работи да не сакате да зборувате со саканата личност. Можна е појава на проблеми со несоницата и нервозата.
Вага
Можно е да имате помали проблеми на работата, доколку не бидете правовремено информирани. Доколку ви се допаѓа некоја личност во знакот лав или стрелец, може да очекувате интересна атмосфера. Намалете ја конзумацијата на слатки и масна храна.
Скорпија
Ве очекува поволен период за отворање на приватен бизнис. Можно е и зголемување на заработката. Можеби на некој начин бегате од соочувањата со љубовните проблеми кои постојано ве следат. Доаѓа период на подобрување на вашето здравје.
Стрелец
Ако почнете со нов бизнис во текот на денешниот ден, очекувајте да имате голем успех. Можеби ќе имате мали несогласувања и расправии со вашиот партнер, но ништо посериозно. Можете веднаш да ги решите и надминете. Можно е да добиете инфекција на вашето грло.
Јарец
Доаѓа период во кој ќе биде важно правилно да се организирате по прашањето на трошоците и финансиите. Ќе уживате во емотивна атмосфера со саканата личност. Меѓу вас постои вистинска љубов. Во текот на денот, можно е да добиете зголемување на апетитот.
Водолија
Задоволни сте од себе си и своите способности. На деловен план добро сте се покажале. Доколку сте влегле во емотивна врска, за кратко време ќе сватите дека сте погрешиле и ќе се покаете. Можна е појава на вртоглавица.
Риби
Имате впечаток дека некои работи ви избегале од контрола, па ќе се потрудите да ги вратите на своето место. Можно е малку да сте разочарани од личноста со која сте влегле во љубовен однос. Поведете сметка на вашето здравје. Можна е појава на главоболка.
Текстот Дневен хороскоп за 6 март е превземен од Reporter.mk.