Овен
Ако не посветите повеќе внимание на вашата работа, би можеле да се навикнете на правањето мали грешки. Партнерот ви е верен и среќни сте кога сте заедно. Можете да очекувате поволен период за вашата врска. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на минлива главоболка.
Бик
Неопходно е да поработите на концентрацијата. Обидете се да ѝ пристапите на работата малце посериозно. Ви смета секакво мешање во љубовната врска. Имате чувство дека партнерот не е целосно искрен кон вас. Внимавајте на здравјето. Би ви годеле масажа и опуштање.
Близнаци
Не сте сигурни дали да ја промените работата. Дајте си себеси време и размислете за некои понуди. Постојат мали проблеми меѓу вас и вашиот партнер, но шанса да најдете компромис и понатаму постои. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем сон.
Рак
Дајте го својот максимум на работа. Важно ви е да остварите подобри резултати за на крајот од денот да бидете задоволни. Можно е да имате мали потешкотии во комуникацијата и односот со партнерот. Постои голема тврдоглавост кај двајцата. Внимавајте на здравјето и променете ги лошите навики.
Лав
Денес нема да успеете да го остварите она што сте го наумиле на деловен план. Денот нималку не ви е поволен. Заинтересирани сте за почеток на нова врска. Имате впечаток дека долго време сте биле сами и сакате промени во животот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со зглобовите.
Девица
Ве очекува променлива фаза во која нема да бидете сигурни што да направите по прашањето на работата. Ве загрижуваат и финансиите. Ви се допаѓа личноста која покажува дека е подготвена да вложи повеќе труд за да ве освои. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со коските.
Вага
Важно ви е да се организирате повеќе за да можете да го следите напорното темпо на работа. Партнерот ќе ви го разубави денот. Можете да се надевате на поволен период во вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Исцрпени сте и потребен ви е одмор.
Скорпија
Потребно ви е време за да донесете конкретни важни одлуки на работа. Ви недостига личноста која во минатото многу сте ја сакале. Можете да се надевате на поволен период да ја обновите оваа љубов. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.
Стрелец
Ве очекува фаза во која ќе се обидете да ги одложите деловните обврски. Тоа ќе ви создаде дополнителни компликации. Ви делува како да не можете да најдете компромис со вашиот партнер. Кавгите ви паѓаат тешко. Внимавајте на здравјето. Обидете се денес да не форсирате премногу.
Јарец
Ве очекува поволен ден за остварување на плановите кои ги имате замислено. Посветете им се на вашите обврски. Не се откажувате од личноста кон која имате силни чувства и подготвени сте на некој начин да се жртвувате за вашата љубов. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика за секој случај.
Водолија
Можете да очекувате помали компликации во комуникацијата со надредените и помалку стрес на работа. Партнерот ви покажува дека нема доволно доверба во вас, но со време ќе успеете да ги решите проблемите. Внимавајте на здравјето. Можно е да сте под стрес.
Риби
Доколку сте без работа, можете да очекувате дека во наредниот периор ќе имате можност тоа да се промени. Дојдено е време максимално да се посветите на вашиот однос со партнерот, ако сакате истиот да се одвива во добра насока. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.
Текстот Дневен хороскоп за 7 април, на лавовите им пропаѓа работата, раковите немаат среќа во љубовта е превземен од Reporter.mk.