Дневен хороскоп за 8 ноември

ОВЕН

Полека ги остварувате зацртаните цели на работа. Шефот е задоволен од сработеното и наскоро може да ве унапреди. Ќе ви следи и подобрување на финансиската состојба. Следува период во кој поголемиот дел од времето ќе го минете со вашиот партнер. Ве чекаат многу убави заеднички моменти. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БИК

Решени сте целосно да ѝ се посветите на работата. Пред вас е период во кој ќе го покажете целиот потенцијал пред колегите и претпоставените. Ѕвездите ви се наклонети на ова поле. Искористете ја шансата за напредок. Односот со партнерот ви е нарушен и трпението ви е при крај. Наскоро може да дојде до раскинување. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е поволен период за да ги покажете вашиот потенцијал и идеи пред надредените. Сега е моментот да се покажете во вистинско светло. Искористете ја секоја прилика и на крајот од денот ќе ја добиете заслуженета награда. Очекувајте да запознаете и нова личност во вашиот живот. Во наредниот период подгответе се за сериозна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот.

РАК

Доколку се занимавате со приватна работа, време е да почнете да размислувате за некакви промени со цел да ја подобрите финансиската состојба. Ѕвездите ви се наклонети, но внимавајте при носењето на одлуките. Очекувајте ново познанство, кое во иднина би можело да прерасне во сериозна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

ЛАВ

Пазете се од колегите кои не се искрени кон вас. Нивната љубомора расте паралелно со вашите успеси. Ќе направат сè да ве спречат да ги остварите вашите амбиции. Не сте задоволни од односот кој го имате со вашиот партнер. Чувствувате терет и размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.

ДЕВИЦА

Внимавајте на финансиите. Во следниот период ќе ви се јават големи трошоци и нема да знаете како со вашите примања да истраете до крајот на месецот. Ве очекува период во кој ќе бидете крајно незадоволни од вашиот статус во компанијата. Не сте фокусирани ниту на односот со вашиот партнер. Преголемиот број проблеми на работа, ќе се префрлат во бракот. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ВАГА

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Пред вас е фаза во која ќе почувствувате дека ви се потребни промени во компанијата. Амбициозноста и вложениот труд нема да останат незабележани од вашите претпоставени. На крајот од месецот очекувајте соодветна награда за сработеното. Ви се допаѓа и личност, но не знаете на кој начин да почнете комуникација со неа. Внимавајте на здравјето и намаете со мрсната храна.

СКОРПИЈА

Ве радува подобрената ситуација на финансиски план. Имате впечаток дека конечно работите ќе тргнат во позитивен правец за вас. Кај вас веќе некој период се јавуваат чувства за одредена личност која сте ја запознале неодамна. Но, колеблив сте и се плашите да превземете било каква акција. Внимавајте на здравјето и обидете се да намалите или целосно да го избегнувате алкохолот.

СТРЕЛЕЦ

Ќе успеете да ги реализирате сите ваши замисли и планови кои сте ги имале на работното место. Конечно работите ќе почнат да се одвиваат позиитвно за вас. Ве радува и подобрениот однос кој го имате со вашиот шеф и колеги. Вашиот партнер ќе ви покаже дека сака да биде со вас и во иднина. Среќни сте заедно и ве чекаат многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето и почнете да пиете повеќе течности.

ЈАРЕЦ

Големиот број обврски на работа ви предизвикуваат страшни главоболки. Обидете се да останете смирен и полека да ги решавате проблемите, еден по еден. На крајот од денот работите ќе си дојдат на свое место. Ќе ви се укаже и шанса да запознаете нова личност со која ќе сакате во иднина да остварите долга врска. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Сакате да одморите од работата. Исцрпени сте и сметате дека заслужувате неколку дена одмор. Односот со шефот ви е комплициран, па сега можеби не е најдобро време да барате слободни денови. Сакате да се мешате со луѓе и да запознаете нови лица. Сакате да бидете во врска и да имате со кого да ги споделите вашите чувства. Осаменоста ве измачува. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на енергијата.

РИБИ

Не си ја сакате работата. Се чувствувате мизерно и барате решение како да се ослободите од ситуацијата во која сте заглавени веќе подолго време. Ги разгледувате вашите опции и целосно сте посветени во наоѓањето на друга работа. Вашиот партнер колку толку ви го разубавува денот. Среќни сте во врската и правите сè за да ја зачувате. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.

 

Текстот Дневен хороскоп за 8 ноември е превземен од Reporter.mk.