Овен
Во текот на денот ќе се соочите со вашите надредени и соработници и заеднички ќе успеете да решите голем дел од проблемите кои се наталожиле од минатото. На љубовен план ќе почнете да се сомневате во вашиот партнер дека ве изневерил. Уште на почетокот на денот ќе се создаде атмосфера на недоверба и љубомора. Со здравјето сè е во ред, но препорачливо е да внесувате повеќе течности.
Бик
Денеска не се обидувајте да носите било какви одлуки кои се однесуваат на вашата работа. За сè што ќе одлучите веројатно ќе погрешите. Обидете да се смирите и реално да ги согледате проблемите кои би можеле да настанат од носењето на погрешни одлуки. Ви се допаѓа личност која што е тивка и повлечена. Размислете како е најдобро да ѝ пријдете и да се запознаете. Ве очекуваат убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето и проблемите со белите дробови.
Близнаци
Загрижени сте поради вашата финансиска состојба. Промените ви внесуваат чувство на несигурност. Нема да ви биде лесно да ги решите сите проблеми кои се наталожни од претходно. На полето на љубовта исто така работите се најсјајни. Сакате да остварите контакт со некоја личност, но не го знаете како да тргнете по најсигурниот пат кој ќе ве доведе до нејзиното срце. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот и енергијата.
Рак
Ви претстои ден со многу неизвесност кога е во прашање работата. Бидете сигурни дека среќата нема да е на ваша страна. Што и да се одлучите кога се однесува на бизнисот, веројатно ќе погрешите. И на полето на љубовта работите не се најсјајни. Чувствувате дека постепено се оддалечувате од личноста кон која имате силни чувства. Тоа ве прави незадоволни и несреќни. Со здравјето сè е во ред, но обидете се повеќе да одморате. Ви треба повеќе сон.
Лав
Задоволни сте од тоа како стојат работите на деловен план. Вашата финансиска состојба е стабила, а ве очекува и светла иднина. Наскоро можно е да бидете унапреден. Бракот ви е малку разнишан, но на крајот работите ќе си дојдат на свое место. За оние кои се слободни очекувајте да влезете во врска со некоја личност од вашето блиско опкружување. Со здравјето сè е во ред, но внимавајте на исхраната. Ова е поволен период за држење диета.
Девица
Би требало да се посветите повеќе на работите кои се однесуваат на вашите соработници и претпоставени. Со малку труд наскоро ќе ви се укаже можност за унапредување. На полето на љубов работите се идеални. Во текот на денот ќе имате многу можности и љубовни прилики. За оние кои се во врска, очекувајте период во кој ќе бидете задоволни од вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со видот.
Вага
Загрижени сте поради состојбата на финансиски план. Дополнителни грижи ви задава несигурноста на вашето работно место. Ве очекува фаза на многу дилеми и предомислувања во одлуките кои ќе сакате да ги донесете. Со партнерот одлично се согласувате и вложувате многу енергија за да напредува вашиот однос. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со циркулацијата.
Шкорпија
Ве очекуваат многу тешкотии што се однесува на полето на работа. Постојано ќе бидете во кавга со вашите деловни соработници и претпоставени. Ви годи вашата слобода и не сте расположени за нова врска. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да го зголемите количеството на конзумирање на овошје и зеленчук.
Стрелец
Во моментов работите ги држите под конец, кога е во прашање вашата работа и односот со колегите и претпоставените. На работното место го давате вашиот максимум и ве очекуваат големи успеси на ова поле. Наскоро очекувајте да остварите ново познанство со личност која ќе внесе многу среќа во вашиот живот. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вкочанетост на мускулите во грбот.
Јарец
Ви треба повеќе време за да ги решите сите проблеми кои ви се имаат наталожено на работното место. Со малку желба и упорност, сè ќе си дојде на свое место. На полето на љубовта вашиот партнер ќе ви замери за големиот број грешки кои ги имате направено во односот со него. Нема да ви биде лесно во наредниот период. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги алкохолот и цигарите.
Водолија
Загрижени сте за своето работно место. Имате чувство дека ќе настрадате поради промените кои веќе подолг период ги подготвуваат вашите шефови. Ви се допаѓа личност, но не знаете дали чувствата се обострани. Засега со неа имате недефиниран, платонски или пријателски однос. Не ви е лесно како да се однесувате по тоа прашање. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.
Риби
Не сте задоволни од вашата работа и планирате да се ангажирате дополнително за да ја постигнете посакуваната цел. Планирате драстични промени на ова поле. За оние кои се во брак, ви претстои период на многу неизвесности, кавги и расправии со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на кожата.
Текстот Дневен хороскоп за 8 октомври е превземен од Reporter.mk.