Дневен хороскоп за 9 јуни

Овен

Во текот на денот ќе бидете нерасположени, во вас ќе владее нервоза и ќе се чувствувате лошо поради тоа. Не ви е лено да ги покажете чувствата кон личноста која ви е драга. Имате впечаток дека саканата личност има некакви предрасуди во врска со вас. Внимавајте на здравјето. Ве мачат хронични проблеми. Посетете лекар.

Бик

Точно знаете што сакате кога е во прашање работата и ќе направите сè што е до вас за да ги постигнете зацртаните цели. Можно е со саканата личност да имате некои конфликти кои ве спречуваат да постигнете вистински добар однос. Внимавајте на здравјето и поведете сметка во исхраната.

Близнаци

Големиот број обврски на работното место ве тера да размислувате за промена на истото. Не ви се допаѓа односот кој во моментов го имате со вашиот партнер и сакате промени. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.

Рак

Нема причина да се грижите затоа што нема да ви се случат поголеми драстични промени на работното место. Многу е веројатно да ви се отвори можност за флерт со личност која ви се допаѓала во минатото. Внимавајте на здравјето и создадете здрави навики.

 

Лав

Обидете се да направите некакви промени на работното место. Се чувствувате одлично затоа што ја имате поддршката од вашите соработници. Можно е меѓу вас и вашиот партнер да владее некое несогласување. Денеска не ви е поволен денот на ова поле. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со белите дробови.

Девица

Ве очекуваат помали пречки на работното место. Ако планирате да покренете некоја промена, имајте во предвид дека ќе ви излезат мали проблеми. Одлично се чувствувате и сигурни сте во емоциите кои ги имате кон саканата личност. Пред вас е поволен период за љубов. Внимавајте на здравјето. Ви се враќаат хроничните проблеми.

Вага

Имате многу добра интуиција која денес треба да ја слушате. Ве очекува период во кој ќе донесете нови одлуки. Имате добар однос со саканата личност и уживате во љубовта која ве споила. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Внимавајте на здравјето и проблемите со нискиот притисок.

Шкорпија

Денес не е поволен ден за вас, што се однесува до работното место. Пред вас ќе се создадат нови компликации. Имате впечаток дека со саканата личност по некои прашања никако не можете да остварите компромис. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со циркулацијата.

Стрелец

За време на деловното патување ќе бидете разочарани од некои околности во кои ќе се најдете. Потребно ви е време за да ги решите проблемите. Имате впечаток дека саканата линост не го покажала сето тоа што искрено го чувствува кон вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.

Јарец

 

Внимавајте на финансиите затоа што на тоа поле ве очекуваат одредени компликации. Сè укажува дека ве очекуваат големи потешкотии на работното место. На полето на љубовта и бракот ве очекува поволен период. Пред вас е тежок ден кој носи разочарувања. Внимавајте на здравјето и проблемите со хормоните.

Водолија

Поведете сметка на своите деловни задачи за да не направите некоја поголема грешка во текот на денот. Претерувате на полето на љубовта. Еден чекор подалеку со инатот, е нешто што саканата личност нема најдобро да го поднесе. Внимавајте на здравјето и проблемите со сонот.

Риби

Пред вас е неповолен период. Обидете се да направите сè што е до вас, за да ги осигурате некои работи на работното место. Постои платонска врска меѓу вас и симпатијата и веќе подолго време ништо не се менува по тоа прашање. Се чувствувате безнадежно. Внимавајте на здравјето и проблемите со имунолошкиот систем.

 

Текстот Дневен хороскоп за 9 јуни е превземен од Reporter.mk.