Овен
Во текот на денот помалку ќе се ангажирате на работното место од вообичаено. Потребен ви е одмор. Посакувате да ви се случат нови познанства и подготвени сте да бидете отворени во комуникацијата со лицата од спротивен пол. Внимавајте на здравјето, можен е пад на енергијата.
Бик
Не сакате повеќе да работите нешто кое ви создава нервоза и негативни чувства. Веројатно ќе го промените работното место. Можете да се надевате на убав ден и нежни моменти кои ќе ги минете со личноста која ја сакате. Внимавајте на здравјето, би ви годела физичка активност.
Близнаци
Ќе оставите добар впечаток во работното опкружување и уште еднаш ќе ја докажете вашата способност. На љубовно поле ви се отворат можности за значајна врска, која ќе биде одржлива подолг период. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да одите на редовна контрола.
Рак
На работното место ќе слушнете позитивни вести. По подолг период можете да очекувате подобрување на работите на ова поле. Очекувајте да имате и романтичен ден. За оние кои имаат партнер, ќе уживаат во заедничките моменти. Ако сте слободни, очекувајте ново познанство. Внимавајте на здравјето и променете ги навиките.
Лав
Преоптеретени сте со обврски кои ви се натрупувале веќе подолг период. Време е да прифатите дека ви е потребна помош од колегите. Во односот меѓу вас и саканата личност, многу лесно може да дојде до разделба во текот на овој ден. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на конзумацијата на калциум.
Девица
Ве радуваат подобрувањата на работното место, а наскоро може да очекувате и прилив на пари кои ќе ви биде прилично значителен. Важно е да се потрудите околу подобрување на комуникацијата со личноста која ви е драга. Внимавајте на здравјето и расположението.
Вага
Финансиски сте успеале да напредувате, нешто што ви е најважно во овие моменти. Подготвени сте малку да се одморите од работата. Ви се допаѓа личност која на некој начин е оддалечена од вас и не покажува иницијатива. Здравјето ви е нарушено, но очекувајте постепено подобрување.
Шкорпија
Околностите на работното место во моментов не се на ваша страна, што секако може да биде голема кочница. Саканата личност ви покажува колку и е грижа за вас. Подготвени сте да ѝ се посветите и да ја негувате вашата љубов. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на иритација на кожата.
Стрелец
Можни се пресврти на деловно поле. Во моментов промените кои следат не зависат од вас. Со саканата личност имате проблеми, се карате и несогласувате, па не ви е нималку лесно да го најдете својот емотивен мир. Внимавајте на здравјето и обидете се малку да се опуштите. Се наоѓате под голем стрес.
Јарец
Важно е да ја покажете вашата подготвеност и да се прилагодите на туѓите правила во моментите кога за тоа се неопходни. Доколку сте слободни, наскоро очекувајте ново изненадувачко познанство. Личноста која ќе ја сретнете ќе ве воодушеви. Поведете сметка на забите.
Водолија
Можете да очекувате дека ќе најдете решение за деловните проблеми кои ве следат веќе подолг период. Можно е саканата личност на некој начин да сака да воведе промени во вашиот однос и да покаже иницијатива за тоа. Внимавајте на здравјето. Склони сте на инфекции.
Риби
Можни се мали компликации во комуникацијата со соработниците. Обидете се да не реагирате во афект. Покажете и на саката личност дека искрено ја сакате. Важно е отворено да ги покажете вашите чувства, ако сакате вашата врска да опстане на подолги патеки. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со уринарниот тракт.
Текстот Дневен хороскоп за 9 мај е превземен од Reporter.mk.