Дневен хороскоп за 9 октомври

Овен 

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.

Бик

На финансиски план конечно се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.

Близнаци

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.

Рак

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.

Лав

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што е викенд за да можете без чувство на вина да ги следите своите желби.

Девица

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви попречат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да бирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.

Вага

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе барате забава. Ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги заразувате со позитивната енергија.

Скорпија

Денес ќе бидете пречувствителни, па до вас ќе допираат нешта кои во други околности би ги игнорирале. Не се плашете од емоциите, независно дали се позитивни или негативни. Ќе бидете пријатно изненадени од однесувањето на некоја личност кон вас. Многу луѓе гледаат на вас со почит и вие тоа допрва ќе го дознавате.

Стрелец

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни. Ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во вашето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

Јарец

Тактизирајте ги работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

Водолија

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

Риби

Веќе подолго време ве мачи нешто, а самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.

Текстот Дневен хороскоп за 9 октомври е превземен од Reporter.mk.